Филм и ТВ

Топ 3 ТВ серии од 2015 година

3 серии од 2015 година за кои мислам дека вреди да издвоите малку (повеќе) време...

Можам слободно да кажам дека имам гледано барем по една епизода од сите ТВ серии кои искочија годинава (не знам дали треба толку гордо да го кажувам ова) и за прв пат бев фасцинирана од повеќето! И покрај тоа што ми беше многу тешко да го направам овој избор (читај: се карав со себе повеќе од недела дена!), ги издвоив овие 3 серии кои не само што имаат одлична приказна, туку и гарантирам дека кога ќе пуштите една епизода – нема да можете да престанете да гледате сè додека не ги изгледате сите кои се досега искочени. Епа ајде да не должам, еве ги 3-те серии од 2015 година за кои мислам дека вреди да издвоите малку (повеќе) време…

Топ 3 ТВ серии од 2015 година

1. iZombie

Оваа ТВ серија ја чекав долго пред да излезе и мора да признаам дека чекањето се исплатеше! Млада и брилијантна докторка ќе биде изгребана од страна на зомби, па токму затоа и таа ќе се претвори во ова суштество. Но, за разлика од глупавите зомби на кои сме навикнати, таа нема да почне да убива луѓе без размислување, туку ќе се вработи во мртовечница бидејќи ќе има потреба од човечки мозоци. Она што е најинтересно кај оваа ТВ серија е фактот што откако таа ќе изеде мозок од одредена личност, почнува да добива визии за животот на истата, како и да покажува некои карактерни црти кои биле клучни за неа. Поради оваа „дарба“ таа ќе почне да соработува со еден детектив за убиства.

2. 12 Monkeys

Сте го гледале филмот 12 мајмуни со Брус Вилис и Бред Пит? Епа оваа ТВ серија ја има истата основа, но со големи разлики кои ја издвојуваат од приказната на филмот. Таа е полна со акција, многу мистерија и со секоја нова епизода ве тера подлабоко да се замислите за природата на човештвото. Но, она што е многу интересно кај оваа серија, а што не е директно поврзано со самата приказна, е фактот што некои епизоди се снимани кај нас, во малава Македонија. Сигурна сум дека ќе ги препознаете! (Има една сцена каде што по грешка е снимен автомобил со битолски таблички).

3. Daredevil

Мора да признаам дека првата епизода не ми се допадна многу. Бидејќи станува збор за приказна од Марвел, ја пуштив со очекувања дека ќе има многу акција уште од првата минута и изгледа токму поради тие мои очекувања целата епизода ми беше премногу бавна (плус секоја епизода трае 1 час, да ве предупредам уште веднаш). Но, решив да ѝ дадам втора шанса со втората епизода и верувале или не, во само еден јас ја изгледав целата! Со исклучок на првата секако, која ја гледав претходниот ден. Мислам дека не мора да ви дадам вовед за приказната, бидејќи сигурно добро сте запознаени со ликот на Дердевил, но дефинитивно ви препорачувам да ја гледате!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s