Зошто оваа мравка не е во форма на сфера? Планетарната маглина Mz3 е исфрлена од ѕвезда која е слична на Сонцето и која секако е тркалезна. Тогаш зошто гасот кој излегува од неа создава маглина во форма на мравка наместо на круг? Некои научници веруваат дека за овој феномен играат улога исфрлениот гас кој патува со 1.000 километри на секунда, долгата структура која зафаќа една светлосна година како и магнетизмот на ѕвездата кој е видлив над центарот на маглината… Повеќе информации за оваа фотографија можете да прочитате тука.
