Психологија

Моќни потсетници кои ќе ве вратат на вистинскиот пат додека поминувате низ пеколот

Тимбер Хокај еднаш напишал, „Вие не можете да ја смирите бурата, токму затоа престанете да се обидувате. Вие можете да се смирите самите себеси. Бурата ќе помине.“

Тимбер Хокај еднаш напишал, „Вие не можете да ја смирите бурата, токму затоа престанете да се обидувате. Вие можете да се смирите самите себеси. Бурата ќе помине.“

Моќни потсетници кои ќе ве вратат на вистинскиот пат додека поминувате низ пеколот

И ова ќе помине

Без разлика колку лошо ви изгледа моменталната ситуација, потсетете се дека овие предизвици и потешкотии со тек на време ќе поминат. Сè се менува, па искористете го тоа во ваша полза.

Сте преживеале многу полошо

Ако се навратите назад во вашиот живот, сигурно ќе се потсетите дека вие сте шампиони кога станува збор за отпорност и преживување. Вие постојано ги преживувате сите тешки времиња и предизвици кои ви ги носи животот и од нив излегувате посилни од било кога.

Во моментов ви е добро

И покрај тоа што можеби се чувствувате претрупано од сите ненадејни настани на кои сте налетале, обидете се да ги надминувате чекор по чекор. И покрај тоа што проблемот сè уште постои, вие во овој момент сте слободни и во добро здравје, па токму затоа и можете да се изборите со него.

Заборавете на очекувањата и контролата

Многу често се справуваме со толку многу стрес и анксиозност, но не затоа што нешто ни се случува, туку поради фактот дека не ни се случува онака како што ние сакаме. За жал, животот не е наша слуга и не може да ни ги оствари сите желби и потреби во секое време.

Научете ја лекцијата која животот ви ја порачува

Вие можеби не сте способни да направите ништо во вашата моментална ситуација, но понатаму, во иднината, ќе можете да се вратите назад и да научите нешто од овој настан.

Ќе биде подобро

Најтемниот час е токму пред зората. Кога нештата се лоши или ужасни, погрижете се да не продолжат на тој начин. Лошите времиња немаат долг рок на траење и вие не можете да паднете подолу од дното, па токму затоа искористете ја моќта која ја имате во вашите раце и турнете се кон светлината.

Колку пониско сте паднале, толку повисоко можете да се издигнете

Сте забележале ли дека некои од најуспешните луѓе на оваа планета се и оние кои најмногу грешеле во минатото? Ако неуспехот е индикација на успех, тогаш подгответе се за големи нешта во вашата иднина.

Сфатете го ова како повик за будење

Можеби во моментов сакате да останете во кревет, криејќи се од денот, но постои нешто многу корисно од тоа да поминете низ емоционален ролеркостер. Доколку сте заглавени на едно место, вие со сигурност ќе знаете што не успева, па токму тоа и ќе ве мотивира да преземете друг вид акција во вашиот живот која ќе ви помогне да излезете од оваа ситуација.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s