Писмата од Мишима

Пролет

И тогаш кога најмалку очекував... Пуф! Толку неочекувано. Беше буквално како пролетно изгрејсонце по тмурна зима. Како оние први зраци на сонце кои ти ја греат кожата толку убаво...

Пролет. Едно од најубавите годишни времиња, според мене. Можеби затоа што сум пролетно дете или затоа што сé се буди, зазеленува и станува миризливо.

Пролет

Но, за прв пат не ѝ се радував на пролетта, бар не онака како што се надевав. Одев, се шетав, но не можев. Надвор беше прекрасна пролет, но во мене беше проклета зима. Со снегови, мразови и силни ветришта. Зошто? Не можев да разберам. Требаше да ми донесе нов почеток, но тоа не се случи. Се движев со моите нозе, тешки како олово и со мојава душа изморена од лажни зборови и ветувања, бесцелно, заледено и замислено. Не ја чувствував.

И тогаш кога најмалку очекував… Пуф! Толку неочекувано. Беше буквално како пролетно изгрејсонце по тмурна зима. Како оние први зраци на сонце кои ти ја греат кожата толку убаво. Баш кога го забележав. Зборувам забележав, бидејќи го знаев 2 месеци. Бевме на здраво и едвај 2 реда муабет. Не ми се верува… Дури и кога го пишувам ова се појавува насмевка на моето лице. Онаа од која ми се грее душата. Е таква насмевка ми крадеш. Само да знаеш…

Сигурна сум дека тој човек се појави во вистинско време и на вистинско место. Можеби не ме ни забележува, а можеби и му делувам страшно. Којзнае. За себе знам дека одамна не сум се чувствувала вака. Она кога нозете ми се тресат, кога не знам да сврзам збор со збор и кога дланките си ги ставам на лицето чим се спомене. Срцево ќе ми искочи од градиве, не знам дали од страв, нервоза или среќа. Ме прави да се чувствувам толку живо, распеано и насмеано. Дури и еден пријател рече дека не сум се насмеала така за никој друг, бар не кога неговото име било спомнато. Прекрасно чувство. Нешто што не се опишува со зборови, туку само се отсликува во безброј бои во душава, од нејзините кршени и наново лепени и составувани парчиња.

И тогаш сфатив… Пролетта беше во неговите темно зелено-сини очи. Очи кои се срамам долго да ги гледам и кои ја разбудија пролетта во мене.

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s