Писмата од Мишима

Заминување

Можеби е до свежиот воздух тука, можеби е до самиот ден, понеделник, или тоа што е премногу зелено тука. А претпоставувам дека е и до тоа што луѓето не се околу мене. Полесно е за размислување кога си далеку од сè. Се чувствувам како да сум на некое шоу, драма, филм и после крајот само седам во мојот стол и давам заклучок. Да, баш така.

Заминување

Интересно е однесувањето на луѓето. На драга личност или пријател. Тоа кога престануваш да им го даваш вниманието, не истото она што си им го давал претходно, па тие започнуваат да те бараат, да им фалиш… Можеби и вие на мене претходно ужасно ми недостигавте, ми требавте, но вие не го препознавте тоа.

Знам дека никој не е совршен. Јас не сум совршена. Секој прави грешки. Но, некогаш веќе немаш трпение и љубов.

Ме повредивте многу пати. Не знам дали бевте свесни за тоа. Но, последните случки беа само капка која ја долеа чашата. И сега јас си заминувам. Ако ме прашувате каде ја направивте грешката, помислете што направивте последниот период, претходната година, што кажавте и што никогаш не направивте, прочитајте ги претходните пораки… Гледате сега? Гледате колку бевте себични? Како сè беше околу вас? Ги гледате сега сите зборови кои немаат значење? Немаат значење бидејќи не направивте ништо од тоа да се оствари. Сите случки кога толку бевте опседнати со себе, не гледајќи дали со тоа ваше однесување ќе повредите нечии чувства, ќе расипете нечии убав ден, убав момент. Не. Сè беше околу вас.

Затоа си заминувам. Не сум задоволна со малку. Повеќе не. Уживајте со самите себе.

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s