Писмата од Мишима

Збогум

Ако сакате да се откажете од нешто, запрашајте се себеси, тогаш зошто толку долго сте се држеле за него?

Оваа реченица многу често ми се моташе низ глава деновиве. Периодов. Искрено не знаев што да правам. Умот ми велеше едно, а срцево друго. Јас сум тврдоглава и секогаш се борам до крај за нешто што ми значи. Но, затоа и секогаш треба нешто да ми удри од глава за да се освестам… Да добијам една цигла по главата за да сфатам дека за другата страна јас не сум била таков приоритет. Секогаш наоѓав изговори. За да го оправдам. Но, последното случување само ми ги отворија очите. Се освестив.

Збогум

Влегував од едно разочарување во друго. Без да помислам какви последици ќе има. Мислев дека ќе помине само од себе. Дека тој другиот ќе се обиде да заздравам побрзо. Но, сé беше една лага. Илузија.

Најтешко е да кажеш некому збогум. Збор кој што толку го мразам. Збор кој што мислам дека ми ја дере кожата наживо. Кој те гори. И збор кој ми ја сече и последната сламка за надеж.

Го сонував претходната ноќ. Кошмар. Се разбудив. Сфатив дека денес е денот кога мора тоа да се направи. Секогаш треба да бидеме искрени, пред сѐ пред себе, а потоа и пред другите. Јас живеев со спомените. Како се запознавме, чувството на првиот бакнеж, средбите, пишувањата, желбите, разочарувањата. А сегашноста, каде е она? Тука е до тебе? Направи за да биде до тебе бар за кратко? Не! Епа?

Знам дека рацете ми се тресеа додека пишував. Собрав храброст да го направам она што толку не сакав да го сфатам, да се соочам со тоа и да го пресечам. Да му ставам крај.

Меѓутоа, од тоа се плашев најмногу. Кога некој не се бори за тебе. Се надеваш дека барем малку ќе поработат на работите, но не. Кога не се обидува да те задржи. Едноставно ти посакува добар живот.  И те пушта… Да паѓаш низ бездна.

Ужасно се нервирам кога ќе ми каже: „Во ред твој избор, како сакаш.“ Побогу сакам да дојдеш тука да те видам, е тоа сакам! Да те гушнам, е тоа сакам! И подобро е што не можеше да ги видиш солзите додека ти пишував, не ги заслужуваш…

Знам дека ќе боли. Боли затоа што ми е важен. И ќе ми фалиш. Многу. Чудно ќе ми биде кога наутро ќе се разбудам и ќе видам дека нема порака од тебе. Кога срцево ми е тешко и не знам што да правам со него. Затоа што беше причина за многу насмевки. Зошто не можеш да сфатиш?

Во глувата ноќ, кога сите спијат, јас си легнувам со солзи во очите, далеку од сите, како рането животно кое се крие и си ги лечи раните. Повторно на почеток со крваво срце…

И за крај, другарка ми имаше право. Како мислиш да сакаш некого, да го усреќиш, кога ти си целосен крш?

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s