Градот
Писмата од Мишима

Градот

Градот кој го сакам. Каде неговите тесни улички се доволно широки за моите соништа. Каде сѐ е толку зелено. Онаму каде моето срце припаѓа.

Градот

Градот каде со насмевка идам накај него, а со солзи во душава си заминувам. Тоа е место каде моите едра ме носат, онаму каде сакам да ја спуштам мојата котва. Онаму каде секое годишно време е приказна за себе. Таму каде фонтаната го буди детето во мене и уживам во капките кои танцуваат по моите дланки.

Градот чии што улици уживаат во музиката на Шопен и Вивалди, онаму каде самиот звук прави срцето да ти трепери. Тоа е местото каде седам покрај реката и часовите стануваат минути, каде го губам поимот за време. Таму каде звукот на птиците ми е неверојатно драг. Сакам да се шетам низ него, бидејќи секој пат го доживувам на различен начин. Меѓутоа и таму каде мојата душа станува смирена.

Малите плоштади се неверојатни. Ми даваат инспирација. Ја сакам нивната калдрма под моите стапала, ме потсетуваат на тоа колку време поминала и преживеала секакви невремиња, но таа останала силна и сјае сѐ посилно.

Градот кој секогаш ме менува кога си заминувам од него, секој пат давајќи му еден дел од мене и каде јас му земам еден дел од него за мене.

Но, најмногу од сѐ го сакам поради тоа што сум далеку од сите, а толку блиску до себе…

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s