Занимливости

Зошто луѓето не го сакаат вашето куче?

Па, како да ги промениме овие срца и умови? Можеби доколку делуваме како поодговорни сопственици...

Ова на многумина не им е јасно, но не секој сака кучиња. Всушност и некои луѓе дури ги презираат, па без разлика на она што ќе го направиме, ние можеби никогаш нема да можеме да го промениме нивното чувство и мислење. Тие едноставно не можат да видат дека кучињата се всушност прекрасни суштества. Па, како да ги промениме овие срца и умови? Можеби доколку делуваме како поодговорни сопственици. Дури и како љубител на кучиња, морам да признаам дека одредени кучиња и нивните сопственици ме полудуваат. Еве неколку причини:

Не чистите зад своето милениче

(1) Зошто луѓето не го сакаат вашето куче?

Некои луѓе сè уште не го прават ова. Соберете го неговиот измет!!! Да го прегазите е навистина грозно и вознемирувачко. Почитувајте ги вашите соседи и сочувајте ја околината чиста. Каде и да одите заедно на прошетка со себе понесете кеси. Прикачете ги некако на ланчето и така никогаш не би заборавиле и не би се нашле во непријатна ситуација.

Вашето куче претерано лае

(2) Зошто луѓето не го сакаат вашето куче?

Да, кучињата лаат. Понекогаш тоа е корисно. Кучето знае да нè предупреди кога има причина за тоа или да го исплаши непријателот. Како и да е, претераното лаење може да биде проблем. Доколку тоа се случува и вашето куче е надвор обидете се да не ги вознемири соседите и приберете го внатре.

Го пуштате да се растрчува одврзано

(3) Зошто луѓето не го сакаат вашето куче?

Дури и ако сте близу до вашиот послушен миленик, никогаш не е добра идеја тој да е одврзан. Никогаш не знаете како другите животни во паркот би реагирале на слободата на вашето. Држете го вашето милениче на каивче, дури и доколку сте во област која е безбедна за тоа. Не го пуштајте сè додека не почувствувате дека имате целосна вербална контрола врз него.

Вашето куче уништува туѓа сопственост

(4) Зошто луѓето не го сакаат вашето куче?

Некои кучиња немаат осет. Можат да го изгризат мебелот, чевли, и сè друго, баш сè.Тие исто така и уживаат во тоа… А уживаат и копајќи по градини и цвеќиња. Деструктивното однесување може да биде предизвикано и од страв и од вишок енергија. Па, доколку вашето куче го прави ова и кај вашите соседи, тогаш навистина имате проблем.

Вашето куче е насилно кон другите кучиња

(5) Зошто луѓето не го сакаат вашето куче?

Паркот не е место за секое куче. Пред да го донесете во паркот одврзано, запознајте го со основниот бонтон за кучиња. Обидете се вашето милениче да е пријателски расположено кон другите кученца. Доколку се однесува насилно веднаш отсранете го од неговите не/пријатели.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s