Занимливости

Бело злато или платина?

Кој метал би го избрале вие?

Доколку некогаш сте барале да се подновите или сакате некому да подарите прстен или некое друго парче накит, тогаш сигурно сте забележале дека платината има значително повисока цена во споредба со белото злато.

(1) Бело злато или платина?

Причината за оваа разлика е тоа што за иста големина на прстен од бело злато и прстен од платина потребна е поголема количина на платина за тој да се произведе. Тоа се случува затоа што кога прстенот се произведува, доколку тој би бил од платина, би се состоел од чист метал, а прстенот од 14к бело злато би се сочинел само од околу 58% злато, а остатокот се сочини од легури. Платината е исто така и погуста, па затоа кога би измериле два исти прстени, прстенот од платина би бил и потежок.

Белото злато со тек на време станало популарно како алтернатива за платината затоа што платината чини многу повеќе. Па, кој метал би го избрале вие?

Предности на платината:

(2) Бело злато или платина?

  • Платината не би претставувала проблем за луѓето кај кои се јавуваат алергични реакции затоа што е хипоалергена и е чист метал. Доколку сте имале некаква алергиска реакција на некои легури на метали најдобро е да се одлучите за платина.
  • Платината никогаш нема да ја изгуби бојата или да се оштети, додека златото благодарение на легурите од кои се состои може да пожолти по што ќе треба да се прелие со родиум.
  • Бидејќи платината е погуста, таа е дури четири пати поцврста од белото злато, со тоа што е и помалку веројатно да го промени својот облик или да се изгребе.
  • Доколку не им посветувате голема грижа на вашите парчиња накит, тогаш платината е вистинскиот избор. Таа нема да се оштети при користење на средства за чистење или доколку постојано ја носите на себе. Доколку би имала некоја реакција тоа би било многу побавно од реакцијата која би ја имало златото.
Предности на белото злато:

(3) кој метал би го избрале вие?

  • Белото злато е поповолно за вашиот буџет, па доколку имате цена до која би сакале да се задржите можете да се одлучите и за нешто поголемо во споредба со истата вредност за платина.
  • Белото злато е поевтино за поправка. Доколку сакате да поправите или да ја промените големината на прстенот доколку тој е од платина би ве чинело можеби и дупло од она што би ве чинело за поправка на прстенот од бело злато.
  • Доколку вашиот веренички прстен е од бело злато, купувањето бурми од платинум би биле лоша идеа со оглед на тоа што имаат различна густина така што прстенот од платина бргу би го оштетил прстенот од бело злато.

Со соодветна грижа дури и накитот од 14 каратно бело злато би можел долго да ја сочува својата блескавост. Сепак, одлуката за кој метал да се одлучите се врти главно околу вашиот буџет. Доколку тој ви дозволува да се одлучите за платина тој дефинитивно е вистинскиот избор за вас.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s