Занимливости

Методот „празна столица“ во Гешталт психотерапијата

Истражувањата ни покажуваат дека станува збор за моќен метод кој им помага на клиентите да станат посвесни за своите мисли и емоции, како и да научат како целосно да ги искажат.

Овој метод прв пат бил воведен од страна на Фриц и Лора Перлс, основачите на Гешталт терапијата, но брзо потоа почнал да се користи од различни терапевти ширум различни теоретски ориентации. Истражувањата ни покажуваат дека станува збор за моќен метод кој им помага на клиентите да станат посвесни за своите мисли и емоции, како и да научат како целосно да ги искажат.

Методот „празна столица“ во Гешталт психотерапијата

Празното столче исто така е познато и кога станува збор за осветлување внатрешни конфликти кои имаат силно влијание врз секојдневното функционирање на клиентот. Најчесто во Гешталт психотерапијата  овој метод се користи за следниве 3 ситуации:

  1. Справување со тага или незавршена работа со личности кои повеќе не се дел од животот на клиентот. Оваа ситуација најчесто настанува поради смрт, напуштање или развод односно раскинување. Многу од клиентите кои бараат помош од терапевтите се емоционално смрзнати од нерешената тага кон родител или брат/сестра кои починале. Некои од нив бараат помош дури и при справување со загуба на домашно милениче. Применет во вакви ситуации, овој метод резултира со намалување на депресијата и воведување поголема исполнетост, среќа и чувство на завршеност во животот на клиентите.

Најпрво од клиентот треба да се побара да ја замисли оваа личност како седи спроти него, на празната столица и ако е можно, да се обиде да направи визуелна слика од него/неа во мислите. Тоа вклучува и како личноста изгледа емоционално во очите на клиентот – дали е лута, моќна, тажна… Исто така треба да се објасни и облеката, како и годините. Потоа терапевтот бара од клиентот да ги преточи во зборови неговите чувства кон оваа личност, па во зависност од тоа што тој/таа ќе каже, започнува разговор помеѓу нив двајца каде што тој/таа наизменично зборува и од неговото место, но и од празното столче, во името на личноста која ја замислил/а, правејќи еден вид дијалог. Ова продолжува сè додека не се осветлат потиснати емоции или не се постигне некаков вид завршеток.

  1. Поминување низ интеракција со друга личност која клиентот ја избегнува или очекува во блиска иднина. Можеби да станува збор за личност кон која клиентот се плаши да биде искрен при искажувањето силни емоции, без разлика дали се позитивни или негативни. Како пример може да се земе еден случај со родител кој се плаши да му каже на своето возрасно дете дека е време сериозно да почне да бара работа со цел да биде финансиски независно од нив. Друг пример може да биде и млад маж кој се плаши да ја искаже својата заинтересираност за жена која го привлекува, па токму затоа постојано одложува да ја покани на состанок. Работата со празно столче може многу да помогне и во оние ситуации кога клиентот треба да отиде на интервју за работа, а чувствува анксиозност дури и при самата помисла.

Како и со процедурата погоре, така и во оваа ситуација се поставува личноста со која треба да настане интеракцијата во празното столче. Една од работите кои клиентите често ги сфаќаат, особено кога станува збор за страв од спроведување на одредена интеракција, е и фактот што овој застрашувачки одговор всушност најчесто е негова/нејзина проекција настаната под влијание на внатрешниот Топдог. Тоа може да биде од голема помош при смирување на стравот од средбата, но исто така помага и кога клиентите се подготвуваат за можниот негативен исход. На пример, срамежливите клиенти имаат тенденција да го очекуваат најлошото, па токму затоа понекогаш се пријатно изненадени кога ќе сфатат дека се чувствуваат многу полесно кога ќе сфатат дека се прифатени од страна на личноста во празното столче. Ова може да има многу важен удел во начинот на кој одредена личност ги прифаќа позитивните интеракции со другите луѓе.

  1. Да се стане свесен за одредени внатрешни конфликти помеѓу различните подличности. Многу луѓе кои одат на терапија искусуваат силни конфликти помеѓу критичкиот интроектиран судија и страшливото, ранливо и засрамено детско селф. Фриц Перлс ги означил овие конфликти на подличностите како Топдог и Андердог, додека пак, Ерик Берм како Родителот и Детето. Клиентите многу често го одржуваат своето внатрешно интроектирано и авторитарно селф бидејќи тоа било силно формирано од критичките коментари или насилното однесување на родителите и другите фигури на авторитет за време на детството. Децата многу често не можат да ги забележат рационалните перспективи од пораките кои им ги даваат фигурите на авторитет, па токму затоа и немаат можност да размислат за вистината или лагата на овие пораки како возрасни, сè уште прифаќајќи ги како неменливи вистини за себе. Тие или слепо ги прифаќаат и се чувствуваат деморализирано поради тоа што овој дел „го кажува“ за нив или пак, бунтовно се бранат од пораките преку различни видови негативно однесување.

Работата со внатрешните конфликти помеѓу нападната фигура на авторитет која била интроектирана во детството и селфот е една од најдраматичните и најтрансформативните видови работа со методот празно столче. Таа исто така може да биде и една од најкомплицираните. Многу често критичниот Топдог е маскиран во родител или брат/сестра покрај кои клиентот се чувствувал многу „мало“ за време на детството. Но, понекогаш тој е маскиран и во самиот клиент. Исто како и со процедурите погоре, така и овој пат потребно е клиентот убаво да ја објасни личноста која седи пред него/неа. Особено емоционално. Најчесто терапевтите го започнуваат овој метод така што го поставуваат клиентот во позицијата на Топдог, па кога тој ќе заврши со зборување, клиентот се преместува на местото на Андердог и одговара. Овие промени на местото се случуваат повеќе пати со цел да може да настане дијалог кој ќе помогне при создавање здрава врска помеѓу различните подличности на клиентот со цел да му овозможи нормално функционирање во секојдневниот живот.

Кога терапевтот се обидува да го примени методот празно столче, тој мора да се чувствува пријатно со него. Доколку тој или таа и самите имаат проблеми при разговорот со празното столче, тогаш најдобро е да не го бараат тоа и од нивните клиенти. Исто така, може да се случи терапевтите да имаат клиенти кои едноставно не се способни да ја визуализираат соодветната личност како седи пред нив. Во оваа ситуација треба да им се пружи поддршка, да не бидат осудувани и потоа да се обидат да ги водат на малку поинаков начин. Доколку самата идеја дека пред нив седи оваа личност им е премногу срамна или застрашувачка, како што се случува со оние клиенти кои се малку ригидни или кои се плашат да не изгледаат смешно во очите на другите, тогаш прво треба да се открие што во нивното минато со оваа личност го создало тоа чувство, додека паралелно постепено од нив се бара барем да се обидат да го почувствуваат присуството на оваа личност, без да треба да ја замислат и „видат“ пред себе.

2 коментари

  1. Прекрасно напишано… Имам шанса да ги почувствувам огромните придобивки од Гешталтот на своја душа и со голема радост можам да кажам дека Гешталтот ми го спаси животот (и метафорично и реално). Методот на две столчиња ми овозможи да откријам многу, многу длабоки нешта за себе и своето однесување, а сум само на почетокот. Со помош на оваа терапија, успеав да продрам до вистинското јас, затуткано под многуте наметнати слоеви од луѓето и општеството. Секогаш велам дека човек е најсреќен кога е својот автентичен, вистински ЈАС, а Гешталт за мене беше оној а-ха момент во кој открив дека јас сама на себе сум си доволна и тоа е она што ме прави среќна.

    Liked by 1 person

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s