Колумни

OneRepublic – Одлична атмосфера, совршен перформанс #NativeTour 2015

OneRepublic успеаја да направат прекрасна атмосфера која уште долго време ќе ја помнам. И ако дојдат пак, без размислување пак ќе одам!

Најпрво да се извинам за моето доцнење со овој пост. Нема оправдување, едноставно не можев да најдам време. И покрај тоа што целата еуфорија веќе се намали, сепак решив да ги споделам моите доживувања од концертот…

OneRepublic - Одлична атмосфера, совршен перформанс #NativeTour 2015

Знаев доста песни од OneRepublic бидејќи отсекогаш ми биле певливи и интересни, но мора да признаам дека моето интересирање за нив се зголеми откако најавија концерт во Скопје. На почетокот не бев сигурна ни дали сакам да одам, бидејќи не им ги знаев добро песните, со исклучок на рефрените и чат-пат по некое зборче од строфите, но откако ја купив картата и почнав почесто да ги слушам, некако успеав да се заљубам во нив. Особено во гласот на Рајан… Токму затоа како што се доближуваше 1 јуни, така и јас бев сè повеќе возбудена. И кога конечно пристигнав на моето место, дури и покрај тоа што мобилниот ми умре на самиот почеток (читај: Windows Phone. Се поправи кога стигнав дома!) и не носев очила (не догледував до бината), OneRepublic успеаја да направат прекрасна атмосфера која уште долго време ќе ја помнам. И ако дојдат пак, без размислување пак ќе одам! Немам добри фотографии, бидејќи бев далеку, па она што излезе добро го додадов на колажот подолу. Галеријата ќе ѝ оставам на Маја која ќе ви ја покаже преку нејзиниот пост. Таа беше во првиот ред и има направено одлични фотографии!

(1) OneRepublic - Одлична атмосфера, совршен перформанс #NativeTour 2015

Но, и покрај тоа што не направив добри фотографии, сепак успеав да снимам неколку видеа, не со мојот мобилен секако бидејќи не му се работеше вечерта, па дококу сакате да видите каква беше атмосферата ѕирнете ја плејлистава:

Од друга страна, Маја направи одлични видеа и од првиот ред, па еве ја и нејзината плејлиста… Уживајте!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s