Колумни

Впечатоци од концертот на OneRepublic, од првиот ред

Дојде и тој ден. Први јуни. Со карти купени уште во ноември, навистина со нетерпение го очекував овој концерт...

Дојде и тој ден. Први јуни. Со карти купени уште во ноември, навистина со нетерпение го очекував овој концерт. Се сеќавам дека кога прв пат слушнав нивна песна беше на mp4 кај моја другарка додека се досадувавме во амфитеатарот по физика. Па, така почнаа нивните песни да ме дружат додека патував, пред спиење, пред и после полагање испити…

Минатото лето на билборд видов дека гостуваат во Љубљана и навистина сакав да бидам дел од тој настан, но поради одредени причини не заминав. И кога Авалон Продукција објавија дека ќе имаат концерт во Скопје, се сеќавам дека скокав и танцував од радост низ целиот стан! 🙂

Впечатоци од концертот на OneRepublic од првиот ред

Но, да не должам многу. Први јуни 2015 година, Скопје, понеделник. 20 минути пред отварањето на вратите, односно кога дојдов јас ме израдува фактот дека имаше две големи колони од млади луѓе кои дошле за овој концерт. Со задоцнување од само неколку минути вратите се отворија. Сѐ идеше релативно брзо, проверката и поништувањето на билетите. Пред салата и внатре во неа имаше мали барови кои нудеа пијалоци. И кога влегов во салата знам дека забрзано идев за да фатам добро место, односно да бидам до оградата во прв ред. Салата беше полупразна кога започнаа да свират Тhe Makemakers. Момците навистина се потрудија да направат атмосфера. Кога завршија спуштија огромна завеса пред самата бина. Ама Македонче (без лутење) мора да дојде во салата во 5 до 12, односно влагаа посетители и во 21:10, односно периодот кога беше најаваено од самата продукција дека ќе започнат да настапуваат OneRepublic. Атмосферата пополека почнуваше да се загрева. Започнаа со песната „Light it up“, кога подоцна завеста се спушти и тадаaa OneRepublic! Мило ми е тоа што во Скопје дојде некој од светски калибар за да промовира актуелен албум и се надевам ќе имаме концерти и со други квалитетни музичари и бендови. Искрено доста ми е од лица од нашиот северен сосед од типот на Ѕвезде Гранда (без лутење, секој има право да слуша што сака, сепак ова е колумна од мое гледиште).

Подоцна почнаа да се редат хитовите „Secrets“, „Аll the right moves“, „Au Revoir“, „Can’t stop“, „Something I need“, „Apologize“, „Good life“, „Preacher“, „“What you wanted„, па сѐ до ултрапопуларните „Counting stars“, „I lived“ и „Love runs out“, каде што уште повеќе ја кренаа публиката на нозе и сите пееја во еден глас и скокаа. Магично доживување беше изведбата на „If I lose myself (Remix)“ ft. Alesso каде со тапаните на сцената, светлосните ефекти и конфетите кои летаа во воздухот правеа да се почуствуваме дека сме во друга димензија. Исто така изведуваа и песни од други изведувачи како „Budapest“ од George Ezra и „What a wonderful world“ од Louis Armstrong со кој заврши неверојатното патување од скоро 2 часа. Немаше никакво туркање што многу ме израдува и со тоа младите докажаа дека сепак знаат како да се однесуваат на концерт, иако имаше еден момент кога една девојка ја качија на раменици, но обезбедувањето само ги опомена и мораше да се спушти.

OneRepublic докажаа дека се група која е сосема приземна. Почнувајќи од тоа што почнаа во времето објавено од продукцијата, цената на картите, па сѐ до тоа што направија таква атмосфера и забава кое за миг помина, без чувство дека сме дошле да гледаме некоја претстава или нечива парада. Фронтменот Ryan цело време комуницирираше со публиката, скокаше, ширеше позитивна енергија, раскажуваше случки од нивните турнеи, како онаа дека има два универзални збора, Ciao и Club sandwich. Ја позајмуваше камерата и снимаше, па дури и покани едно девојче од публиката да ги снима и истото тоа беше споделено на Twitter. Моментот што ќе го паметиме беше кога го развиори нашето знаме на сцена и нѐ праша како правилно се изговара името на нашата земја, односно дали е Македонија или Маседониа. Кога го доби одговорот од еден посетител, рече дека другите челенови од бендот, ако не нѐ наречат со името Македонија ќе добијат удар по пенисот… 🙂

onerepublic-marsovcinazemjata.com

Останатите членови докажаа дека се одлични музичари, каде со нивното свирење и нивните музички способности, некои и на неколку инструменти, ни овозможија да уживаме во секоја нивна песна. Неверојатен беше соло настапот на Zach на гитара кој беше вовед за „Counting Stars “.

Бината беше предобра, а светлосните ефекти одлични. Екраните во позадина само ја надополнуваа посебноста на перфомансот на OneRepublic. Беше настан вреден за паметење.

Единствено нешто што малку ме напна, беа децата до мене, кои цело време коментираа во стилот „Да не сме дошле на One Direction“, „Види ги оние колку се дераат и викаат“, „Ненормални“ и слични реченици. Ако не ви чинело деца, не треба да стоите во прв ред со карти од Фан пит, односно не сте ни требале воопшто да доаѓате на концертот.

Па, така вечерта со зарипнат глас, раце болни од потпирање на оградата и нозеве кои ме држеа скоро 4 часа, со адреналин до плафон и полно срце, можам слободно овој датум да го запишам како еден од најубавите во мојот живот 🙂

Освен прекрасни сеќавања за цел живот и за тоа што една од моите животни желби се исполни, да присуствувам на настап на еден од моите омилени бендови, добив и еден неочекуван поклон. На крајот од настапот, Drew фрли неколку трзалици и јас ја имав среќата да фатам една! Да, дома скокав низ цел стан, како мало дете, колку смешно и банално ова да изгледа! 😀 Па, така ако нешто силно и искрено посакувате, Универзумот ќе ви го даде. Бидете сигурни во тоа! И тука не е крајот на убавото патување. Неколку дена после настапот во Скопје, мојата слика се најде на официјалната страна на OneRepublic на Facebook. Да, тие се тие мали нешта што го прават животот неверојатен… 🙂

onerepublic-marsovcinazemjata.com

На крај, огромна благодарност до Авалон Продукција што ни овозможија да имаме ваков спектакал во нашата држава и OneRepublic што ни приредија волшебна ноќ за паметење.

И секако посебна благодарност до мојот драг другар Ивица, без чиј мобилен телефон немаше да можам да ги овековечам моментите од ова доживување…. 🙂 Покрај фотографиите од галеријата подолу, направив и неколку видеа кои можете да ги видите тука.

До следното магично видување!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s