Занимливости

Знаци кои ви укажуваат дека користите погрешна пудра

Се надевам дека следните совети би ви помогнале да ја изберете совршената пудра за вас...

Сите ние имаме најдено маана на некоја пудра која сме ја користеле. Испробувајќи различни формули,  нивоа на покриеност и трагајќи по нијансата која е соодветна за нашиот тен… Пудрата е честа тема на разговор помеѓу многу жени и шминкери, бидејќи е еден од најкористените производи во светот на козметиката.

Знаци кои ви укажуваат дека користите погрешна пудра

Но, како ќе препознаете дека вашата пудра не е баш онаа која треба да ја користите? Се надевам дека следните совети би ви помогнале да ја изберете совршената за вас…

1. Не се чувствувате пријатно – Никогаш не треба да чувствувате непријатност додека имате нанесено пудра на вашето лице. Вашата кожа постојано треба да дише, а доколку пудрата која ја користите не ви го дозволува тоа, тогаш цел ден ќе го чекате моментот кога конечно би ја отстраниле. Кажете ѝ НЕ на оваа непријатност и заменете ја пудрата со некоја која ќе прави да се чувствувате пријатно и освежено. Соодветната најлесно би ја нашле доколку пробате мостри од разни пудри кои често можете да ги сретнете во маркетите.

2. Несоодветна нијанса – Има многу жени кои избираат погрешна нијанса и потоа изгледаат како кловнови. Без разлика дали сакате да изгледате како да имате секси бронзен тен или да сте бели како Снежана, доколку тоа не е вашиот природен тен, постигнувајќи го саканиот ефект со пудра е многу погрешна одлука. Вашата пудра треба да одговара на вашиот природен тен и да изгледа што е можно поприродно. Не пробувајте ја нијансата на вашата дланка, туку нанесете на вратот под вилицата.

3. Премногу е густа – Дали некогаш додека сте разговарале со некого сте забележале дека има нанесено толку многу пудра што изгледа како да ќе ѝ се „скрши“ лицето? Ова е многу чест проблем кај жени кои бараат пуда која има целосна покривна моќ и иако таа нанела малку од пудрата изгледа како да употребила цел литар. Доколку сакате да покриете повеќе тогаш пред да ја нанесете пудрата нанесете база за пудра. Таа ќе ви помогне за постигнување на саканиот ефект. Но, исто така ќе ви помогне и доколку за нанесување на пудрата користите сунѓерче.

4. Забележувате негативна реакција на кожата – Пудрата не е наменета за да ви создаде иритација или црвенило на кожата. Многу жени имаат пречувствителна кожа или се алергични на многу козметички производи. За да дознаете дали вашата пудра е причината поради која вашата кожа реагира негативно елиминирајте ги сите други производи кои ги користите и испробајте ја без нив. Доколку проблемот се влоши, ослободете се од неа, а доколку се подобри тестирајте ги и другите производи на истиот начин.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s