Досега знамињата се користеле за да се одбележи просторот помеѓу замислени граници на планетата Земја. Но, што се случува доколку повеќе држави се спојат со цел да работат во име на целата планета? Токму на ова размислуваат оние кои во 2030 година ќе го одведат човештвото на Марс за прв пат.
Но, кое знаме тие ќе го постават таму? Сега за сега ова е идејата за официјалното знаме на планетата Земја. Ако ме прашувате мене, воопшто не ми е јасно зошто никој не се сетил на нешто вакво досега. Дизајнот е од страна на Oskar Pernefeldt кој го составил ова знаме за својот дипломски проект. Цветот кој е формиран од 7-те прстени кои се забележуваат на знамето го симболизира животот на планетата Земја.
Прстените кои се испреплетени едни со други ги претставуваат сите нешта на нашата планета, кои директно или индиректно се поврзани. Сината боја на знамето ја преставува водата на нашата планета, која е клучна компонента за живот.
Што мислите вие за оваа идеја? Дали ние луѓето треба да имаме знаме кое ќе ја претставува целата планета? Јас без размислување гласам за ДА!