Ах, ќе го напишев постов уште пред неколку саати ако не бев презафатена со истражувањето на ТАРДИСОТ! Скриен на една уличка, каде што изгледа само како обична полициска станица, Google Maps ги изненадува сите фанови на ТВ серијата „Doctor Who“ со можност да го истражуваат познатиот ТАРДИС. (Ако не знаете што е ТАРДИС, сериозно, изгуглајте!)
Како да го направите тоа?
- Кликнете на овој линк.
- Движете се малку со маусот. Покрај обичните стрелки за движење, ќе ви се појави еден мал додаток: пар двојни стрелки пред него (погледнете на фотографијата погоре). Кликнете врз нив.
- Тадааам! Вие веќе треба да сте во поголемата-од-внатре (помала-од-надвор) област во ТАРДИСОТ каде што можете слободно да шетате низ контролната соба, како и кон главната платформа за да го посетите неговото срце. Единствено не можете да шетате по неговите ходници, но да бидеме реални, можеби е подобро така со цел да не се изгубиме сите…
Забелешка: Доколку сте дел од новите Google Maps UI beta, можно е стрелките да не ви се појават. Наместо тоа, притиснете на копчето за нагоре на вашата тастатура.