Потребни состојки:
- 280 грама путер од кикирики
- 220 грама кафеав шеќер
- 1 јајце
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка инстант кафе, свежо подготвено
- 1 лажичка сол
- 130 грама какао во прав
- 1 лажичка сода бикарбона
- 150 грама чоколадо, исечкано на многу мали парчиња
Начин на подготовка:
Поставете хартија за печење во тава. Во голем сад, ставете ги путерот од кикирики и кафеавиот шеќер и добро измешајте со дрвена лажица. Потоа додадете го јајцето, ванилата, кафето и солта. Мешајте додека не се соединат. Откако ќе добиете мазна смеса додадете ги и какаото и содата бикарбона. Почнете да мешате, но имајте на ум дека тоа ќе се одвива малку тешко, па имајте трпение. Откако добро ќе измешате сипете го и чоколадото.
Од добиената смеса направете мали топчиња. Тестото ќе биде кршливо, но ќе се спојува ако го притиснете добро. Наместете ги колачињата на подготвената тава и прекријте ги со пластична кеса. Ставете ги на 1 час во фрижидер и потоа загрејте ја рерната на 180 степени и печете ги околу 7, 8 минути. Добар апетит!