Гејмерско катче

Дами и господа, ви го претставуваме гејмплејот за #RiseOfTheTombRaider

Можам слободно да кажам дека одамна не сум била олку нетрпелива за некоја игра. Цел живот сум била фан на Лара Крофт, буквално имам израснато со неа, па затоа и нема дел кој го немам свртено барем 2 пати (некои и по 15-тина пати, плус минус 10-тина – не ме осудувајте!)… Но, со излегувањето на Tomb Raider во 2013-та, тие ја одведоа оваа игра на сосема ново ниво. Ние имавме можност да го видиме раѓањето на Лара, која од исплашена и изгубена девојка ќе се претвори во она што сите ние добро го знаеме – бестрашен ограбувач на гробови! Иако никој од нас не беше навикнат на стрелата (сите ја сакаме Лара со двата пиштола), сепак сега веќе не можам да ја замислам без неа.

Дами и господа, ви го преставуваме гејмплејот за #RiseOfTheTombRaider

Колку што можам да видам од видеото подолу, играта многу наликува на првиот дел, со еден исклучок – подобрената графика. Не знаеме многу за приказната која нè очекува, но можеби така е и подобро. Епа момци и девојки, запомнете ја добро датава – 10 ноември – затоа што токму тогаш ќе имаме можност да видиме каде ќе ја одведе новата авантура нашата омилена девојка од видео игрите. Не знам за вас, ама јас неколку дена претходно ќе си го почнам пак првиот дел, чисто да се потсетам, за да можам после да продолжам во полн ек. Не изгледа како да зборувам за видео игра, нели? Ама штом сте кликнале на насловов, сигурно ќе ме сфатите! 🙂

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s