Писмата од Мишима

Неуспех

Знам дека само чучнав покрај креветот, се склупчив и ја нурнав главата во моите раце. Повторно неуспех. Повторно уште една затворена врата. Солзите сами почнаа немо да течат по моето лице. Сонот распрскан на сите страни. Повторно. На почеток по коjзнае кој пат… Ме раскинуваше мојата немоќ да ги остварам своите соништа. Душава ми вриштеше иако плачев без глас.

Неуспех

На моменти дури целиот напор ми изгледаше безначајно, тој сон ми избледуваше со текот на времето. Не сакав моите да ме гледаат таква. Не заслужиле. Знам дека ова е моја борба која ќе ја истерам до крај, макар да треба да ја кренам во воздух вратата, онаа која води кон мојот сон. Колку и да ми е тешко на прв поглед, знам дека не сум сама. Тука е сестра ми. Таа никогаш не ме напушта, иако сме 1.000 километри оддалечени. Знам дека и она цврсто се бори заедно со мене и ми помага да го дофатам сонот.

Кога другар ми ме прашува зошто толку сакам таму? Ми вели, ако бегаш од нешто тоа постојано ќе те прогонува, без разлика каде се наоѓаш. Јас не бегам од ништо, само одам да го најдам оној дел од мене што ме прави целосна, наједноставно кажано. Она што ме исполнува.

Минатата година буквално го допрев дното. Оваа година наидувам на огромни препреки. Се обидувам да не се откажам. Тешко е. Многу. Дури понекогаш се прашувам дали да одам по тој пат, дали таа врата која што толку чекам да се отвори е таа вистинската.

Но, наидов на една реченица која целосно ја отсликуваше мојата ситуација, која гласеше: „Минатата година се изгубив себеси. Нема да дозволам тоа да се случи и оваа година.“

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s