Психологија

Неколку совети за подобрување на вашето психолошко здравје

Како психолог кој неодамна дипломирал, немам премногу искуство во работата со луѓе. Но, според моето искуство досега можам слободно да кажам дека постојат голем број трикови во оваа наука кои се едноставни, но исклучително ефикасни при подобрување на квалитетот на животот.

Неколку совети за подобрување на вашето психолошко здравје

Како психолог кој неодамна дипломирал, немам премногу искуство во работата со луѓе. Но, според моето искуство досега можам слободно да кажам дека постојат голем број трикови во оваа наука кои се едноставни, но исклучително ефикасни при подобрување на квалитетот на животот. Токму затоа и ви ги претставувам овие 11 совети кои сум ги собирала во текот на моето студирање, преку набљудувањето на себе, но и на оние околу мене…

1. Обидете се да откриете каде точно да ја повлечете границата помеѓу давањето и предавањето. Никогаш не дозволувајте да преминете во една од овие крајности, бидејќи потоа враќањето на рамнотежата е многу тешко.

2. Движете се по вашиот пат со висока самодоверба, свесност за себе и добар поглед кон реалноста. Овие 3 нешта се формула за успех на секое поле!

3. Рамнотежа во секојдневието. Целта е да најдете баланс помеѓу вашиот хедонистички нагон (задоволувањето на вашите потреби) и принципот на реалноста (способноста да ги процените околностите и да го одберете најдобриот начин за постигнување супериорни резултати).

4. Внимавајте на личностите со кои сте опколени. Бидете покрај оние личности кои ве смеат од срце, бидејќи токму тие во вас ќе предизвикаат чувство на поврзаност, но и доволно ќе ви го одвлечат вниманието од секојдневните проблеми со цел да можете подобро да функционирате наредниот ден.

5. Бидете свесни за она што се наоѓа во вашето јадро, но и прифатете го во целост. Следете ги вашите страсти, желби, дива страна, но вие насочувајте ги, наместо да им дозволите тие да ве водат вас.

6. Почекајте додека решението не ви се открие, наместо непромислено да преземате акција која може да ви попречи во посакуваниот резултат. Времето е значајно, исто како и погодувањето на соодветниот момент.

7. Секогаш истражувајте. Без разлика за што станува збор, започнувајќи од вашиот приватен живот, па сè до професионалниот, никогаш не дозволувајте да правите нешта без претходно добро да ги испитате.

8. Бидете љубопитни. Никогаш не престанувајте да прашувате!

9. Обидете се да бидете конструктивни критичари кон себе со цел да можете да се подобрите и побрзо да напредувате во сите области од вашиот живот. Без конструктивните критики, вие постојано би тапкале во место и не би можеле да продолжите понатаму.

10. Научете како да ви биде пријатно со непријатното. Како што ќе поминува времето, така ќе се соочувате со сè поголем број непријатни и неудобни ситуации, па зошто да не почнете веднаш со навикнување со цел да можете полесно да ги надминувате?

11. Заборавете на вината. Отстранете ја непотребната вина бидејќи таа само ќе ве забавува и влече кон назад, не дозволувајќи ви да продолжите кон иднината.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s