Безглутенска категорија

5 скриени извори на глутен во секојдневни производи

Да, верувајте ми дури ни јас не можев да се помирам со дел од овие информации.

5 скриени извори на глутен во секојдневни производи

Да, верувајте ми дури ни јас не можев да се помирам со дел од овие информации. За жал тој се крие зад секој агол и доколку сакате подобро да го зачувате вашето здравје, обрнете внимание на следниве скриени извори на глутен…

1. Козметика и продукти за коса

Најголемата опасност од скриените извори на глутен доаѓа токму од козметиката и продуктите за коса, кои успешно ги контаминираат безглутенските состојки со оваа непосакувана супстанца. Воглавно, вашата најголема грижа треба да биде несаканата консумација на овие продукти која најчесто може да настане од балсамот за усни, кремата за бричење, спрејот за коса… Вие можеби би помислиле дека не сте едни од оние луѓе кои случајно ги внесуваат овие продукти во своето тело, но би се изненадиле колкумина од вас редовно го допираат лицето, ги лижат усните и ги грицкаат ноктите, па токму затоа одново прочитајте ги декларациите на вашите продукти за хигиена и убавина. Кога веќе проверувате, ѕирнете и во декларациите на средствата кои ги користите за чистење на домот, сапунот и лосионите. Интересно е како глутенот може да се појави дури и на најнеочекуваните места…

2. Медикаменти

Колку незначајно и да ви звучи, доколку докторот ве праша дали имате алергии на одредени медикаменти, веднаш кажете глутен. Да, повеќето лекови се безглутенски, но постојат и дел кои ја содржат оваа супстанца во нив. Токму затоа бидете повнимателни и кажете им го ова на докторите, особено ако страдате од Целијакија. Кога станува збор за медикаменти кои можат да се купат и без рецепти, прочитајте ја декларацијата како да нема утре. Најмногу внимавајте кај оние апчиња кои најчесто се користат:, како состојките во витамините, додатоците, па дури и во медикаментите за олеснување на желудочните болки. Ако не сте сигурни, посоветувајте се со фармацевтот или побарајте помош директно од компанијата која ги произведува.

3. Маркици, плика и лепила

Дури и да немате проблем со глутенот, сепак би требало да престанете да ги лижете оние нешта кои не се наменети за јадење. Ова особено е важно кај оние кои се нетолерантни на глутен, па токму затоа немојте да го ставате вашиот јазик онаму каде што не му е местото! Постои еден вид урбана легенда дека сите лепила содржат глутен, иако сè уште станува збор за мистерија која никој ја нема ниту потврдено, ниту одречено. Исто така имајте на ум дека зборот „глутен“ потекнува од латинскиот збор за „лепило“, па токму затоа е најдобро доколку избегнувате било каква консумација на овој производ. Не сакам да ве плашам, но постои консензус во безглутенската блогосфера кои предупредуваат дека дури и во градежните материјали постои глутен, па токму затоа внимавајте да не го вдишете за време на уредување во домот.

4. Кучешка храна и играчки за деца

Овие мали суштества се тотално зависни од вас, но тоа не значи и дека не влијаат лошо на вашето здравје. За родителите и сопствениците на кучиња, ова е стара вест. Децата често настинуваат и имаат мрсулави носиња, додека пак може да се случи кучињата да ви повратат токму во вашите чевли. И покрај тоа што тие знаат да бидат гнасни, сепак ние ги сакаме. Но, тоа не значи дека е добро да делите сè со нив, особено ако сте нетолерантни на глутен. Поголемиот дел од кучешката храна содржи глутен, па токму затоа избегнувајте да ја допирате со голи раце. Од друга страна пак, секогаш мијте ги вашите раце откако ќе си играте со вашите деца и нивните играчки…

5. Партнерот или партнерката

Доколку сте нетолерантни на глутен, а сте во врска со личност која го нема овој проблем, како што е и случајот со мене, тогаш дефинитивно треба да почнете повеќе да внимавате. Кога јадете, не ја споделувајте вашата храна, не пијте од неговата/нејзината чаша и најважно од сè не се бакнувајте за или веднаш по оброкот. Станува збор за мали количини кои не можат да ви предизвикаат реакција веднаш, но доколку сте во долготрајна врска, вие сте изложени на честа крос-контаминација која може да доведе до сериозна реакција. Особено кај личностите со Целијакија. Не сакам да кажам да му/ѝ раскинете, баш напротив, (читај: иако разбрав дека постои безглутенски сајт за состанување, сериозно!) туку едноставно замолете ги да ја подобрат својата хигиена така што веднаш по допирот на нешта кои содржат глутен да ги мијат своите раце, заби и да не оставаат остатоци од храна зад себе. Сè за љубовта, нели?

Дали некогаш ви се случило да имате глутенска реакција од одреден продукт кој не би требало да содржи глутен? Ако да, би ви била благодарна доколку споделите со мене во коментарите.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s