Филм и ТВ

#DarkMatter и #Killjoys – Одлични нови ТВ серии за љубителите на научната фантастика

Не можам да кажам дека едната е подобра од другата, бидејќи и двете си имаат свои позитивни и негативни страни, како и секоја друга приказна, но без сомнение ги ставам во ист ранг со Defiance, која исто така периодов ми е една од поомилените научно фантастични приказни.

(1) #DarkMatter и #Killjoys - Одлични нови ТВ серии за љубителите на научната фантастика

Немаше да го составувам овој пост доколку ја откриев серијата Killjoys пред да го напишам постот со нови серии од претходниот месец. Но, бидејќи успеав за неа дури вчера да разберам (да, ги изгледав веднаш сите 2 излезени епизоди) едноставно морав да ја споделам и со вас. Па, си викам ај кога веќе пишувам за неа, зошто да не ја спомнам и Dark Matter која исто така ми остави огромен впечаток.

Топ 3 научно фантастични серии кои започнале со снимање во 90-тите

Не можам да кажам дека едната е подобра од другата, бидејќи и двете си имаат свои позитивни и негативни страни, како и секоја друга приказна, но без сомнение ги ставам во ист ранг со Defiance, која исто така периодов ми е една од поомилените научно фантастични приказни. Да не должам, еве зошто би требало токму на овие 2 приказни да им дадете веднаш шанса…

Dark Matter

Епа ајде да почнам со Dark Matter. Тоа што навистина ме привлече кај оваа серија беше мистериозноста на приказната, додека пак вниманието целосно ми го задржа детално обработената приказна и ликови. Ова е една од оние ТВ серии кои во никој момент нема да ви здодее, бидејќи постојано се случува нешто, држејќи ве на работ од столчето.

Dark Matter
Dark Matter

Првата епизода започнува како екипажот од еден вселенски брод се буди без никакво помнење. Тие не можат да се сетат буквално ништо од нивниот живот претходно, вклучувајќи ги и нивните имиња, па токму затоа за да можат да се обраќаат еден на друг ќе се наречат со броеви од 1 до 6, според редоследот на будење. 7-от член на екипажот е андроид, која има директна поврзаност со бродот, чиј карактер е исто толку добро и детално обратен како и на останатите. На кратко, одлична приказна и брилијантен избор на глумци кои без грешка го одигруваат својот лик.

Killjoys

Killjoys, исто како и Dark Matter, е од SyFy (сè уште не ми е јасно зошто си го сменија името – ова новово никако не ми има смисла!), па токму затоа може да се забележат одредени сличности кои се провлекуваат низ сите научно фантастични серии создадени од овој канал. Таа има малку повеќе акција од Dark Matter, но малку попровидна приказна која на моменти можете да ја предвидите. И покрај овој недостаток, сепак верувајте ми вреди да ѝ се даде шанса!

Killjoy
Killjoys

Во оваа ТВ серија станува збор за ловци на награди кои живеат на вселенски брод. Земјата не се спомнува, па токму затоа и претпоставувам дека таа или воопшто не е дел од оваа приказна или пак, ќе имаме можност да ја видиме во некоја од наредните епизоди. На прв поглед, Killjoys многу ми наликуваше на Firefly, најверојатно поради отсуството на вонземјани, па можеби и тоа беше причината поради која ме освои уште со првата епизода, но како што се одвиваат дејствата, така таа си тргнува по свој сосема уникатен тек. Повторно морам да го пофалам изборот на глумците, бидејќи тие со нивната глума многу ни го доближуваат ликот кој го играат, правејќи ни да се чувствуваме како навистина да го познаваме… На кратко, таа е одличен избор за вашето слободно време.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s