Овие фотографии кои ни покажуваат неверојатна симетрија и ред се рај за очите на перфекционистите. Доколку и вие како мене, постојано барате совршенство, тогаш сигурна сум дека ќе можете лесно да се изгубите во нив. Привлечноста кон симетријата е тешка за објаснување, но математичарот George Birkhoff развил формула, M = O/C, со чија помош може да се еваулира естетичкиот квалитет во уметноста, па дури и напишал книга (Aesthetic Measure) на оваа тема во 1933 година. Тој верувал дека колку поголем ред имаат нештата, толку помалку комплексни се, резултирајќи со поголема убавина во очите на набљудувачот. Се согласувате?