Потребни состојки за тестото:
- 250 грама безглутенско брашно (Schar)
- 250 милилитри јогурт
- 3 лажици маслиново масло
- 2 кафени лажички прашок за печива
- 1/4 лажица сол
Начин на подготовка:
Ставете ги јогуртот, маслото и солта во еден сад и убаво измешајте ги. Откако ќе завршите со мешање, додадете ги и брашното и прашокот за печива и продолжете со мешање. Тестото кое ќе го добиете ќе биде премногу меко и нема да можете да го месите со рака, па ќе мора да го правите тоа со шпатула. Откако сите состојки ќе се соединат, ставете го на хартија за печење и додајте уште многу малку јогурт за шпатулата да не ви се лепи и дадете му форма на пица.
Врз тестото наредете слој свежо испржен патлиџан, печурки, моцарела и кашкавал. Јас на пример, ставам и сланина (ја обожавам!), но вие можете да ја направите и со шунка (но, внимавајте бидејќи во поголемиот дел од шунките и другите видови салами има глутен!). Покрај сосот од патлиџани, наредете и неколку тенко сечкани кругови патлиџан. За крај зачинете со оригано и ставете ја пицата во претходно загреана рерна на 200 степени. Првите 10 минути печете на 200 степени, а потоа намалете на 180 и печете уште 10-тина минути или додека не добиете жолтеникава боја на тестото. Пријатен апетит!