Психологија

Избегнување на негативните мисли и лесно справување со секојдневниот стрес

Психолошки совети за добросостојба...

Избегнување на негативните мисли и лесно справување со секојдневниот стрес

Стресот се појавува кога во нашиот ум почнуваат да преовладуваат негативни мисли кои ни велат дека едноставно не можеме да се справиме со ситуацијата во која се наоѓаме. Но, постојат неколку психолошки техники кои можат да ви помогнат да ги промените вашите реакции на овие верувања…

Обрасци на негативно размислување

Постои еден вид „сè или ништо“ размислување. Кога сме под стрес, ние размислуваме во крајности, вклучувајќи ги и зборовите „секогаш“ или „никогаш“. На пример, вие можеби би помислиле дека никогаш нема да најдете работа доколку сте моментално невработени. Ова размислување ве подготвува за најлошото и ве води кон патот на стресот, па токму затоа доволно е да се случи само едно лошо нешто со цел да се убедите дека вашиот свет се срушил и дека вашите песимистички мисли сепак биле вистинити.

Стресот настанува и кога имаме нереални очекувања. Верувајте, јас ова најдобро го знам. Во овие ситуации ние паѓаме во стапица од која едноставно не може да се излезе, па токму затоа и се обидуваме да се мотивираме себеси или другите за оние нешта кои сметаме дека мора да бидат сторени. Но, кога тие нема да се остварат, се појавува вина и нашите очекување нè рушат, оставајќи нè со облак од негативни емоции кој нè згушува од внатре. Токму затоа треба да застанеме и да се запрашаме дали се обвинуваме за оние нешта кои се вон нашата контрола и што точно (читај: реално!) можеме да преземеме за полесно да се справиме со ситуацијата.

Друг образец на однесување кој допринесува за појава на стрес е игнорирање на сите оние позитивни нешта кои досега сме ги постигнале. Некои од вас можеби дури и целосно ќе ги отфрлат позитивните искуства мислејќи дека тие не важат доколку не сте ја оствариле главната цел. Сите овие размислувања водат кон бескраен круг од кој не може лесно да се излезе.

Справување со негативните мисли

Првиот чекор при справување со овој проблем се наоѓа во начинот на кој гледаме на стресот, како и колку внимание им обрнуваме на нашите негативни мисли. И покрај тоа што ова не значи дека е едноставно тие да се заменат со позитивни, сепак доколку сте посвесни за нив ќе можете многу полесно да ги отфрлате од вашиот ум.

Целта е да научите да ги идентификувате во истиот момент кога ќе се појават, со цел да ги класифицирате како нереални и да ги тргнете настрана, притоа не дозволувајќи им да управуваат со вашето однесување. Откако ќе научите како да го правите тоа (потребно е малку вежбање), потоа многу лесно ќе почнете и да ги заменувате со позитивни и охрабрувачки мисли кои ќе ви помогнат да ги постигнете вашите цели побрзо.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s