Астрономија Мали мистерии

Каков би бил животот на Месечината?

Идејата за лунарна станица долго време живее во имагинацијата на луѓето, но каков навистина би бил животот на Месечината?

Каков би бил животот на Месечината?

Идејата за лунарна станица долго време живее во имагинацијата на луѓето, но каков навистина би бил животот на Месечината?

Вселенското истражување долго време било фокусирано на Месечината. Податоците од голем број мисии сугерираат дека таа не е пријатно место за живеење, доколку се споредува со Земјата. Лунарниот ден е долг околу 14 дена на Земјата, со просечна температура од 123 степени Целзиусови, додека пак, лунарната ноќ исто така трае 14 дена, со просечна температура од -233 степени Целзиусови. Токму затоа единственото место на Месечината каде што би можело да се изгради база која нема да биде изложена на овие екстремни услови е некаде околу лунарните полови. Овие области исто така содржат и големи количини ледена вода како и се изложени на пониско ниво светлина од сонцето. Околу половите, температурата се движи околу 0 степени Целзиусови поради нискиот агол на сонцето.

Местата кои би можеле да се користат за одмор, кои се подалеку од лунарните полови, имаат потенцијал да ни понудат поглед каков што не би можеле ни да го замислиме на Земјата. На Месечината се наоѓаат едни од најпрекрасните „планини“ кои достигнуваат висина и до 5,5 километри. Дел од овие планини имаат „дупки“, најверојатно создадени од лавата која поминувала кон пештерите под површината, па токму затоа тие би биле одлични за истражување од страна на најголемите авантуристи. Месечината исто така има и огромни кратери, со големини и до 40 километри, каде што би можеле да уживате во незамисливи пејзажи.

Уште еден неверојатен поглед на Месечината би бил соларната еклипса, каде што Земјата ќе застане помеѓу неа и сонцето. Од Месечината, Земјата би се гледала како прстен од црвено портокалова светлина која доминира на небото. И покрај тоа што Месечината се наоѓа на околу 384.400 километри оддалеченост од Земјата, праќањето на вашите фотографии со овие неверојатни пејзажи од таму би пристигнувале кај вашите пријатели на планетата за нешто повеќе од 1 секунда.

Што се однесува до рекреативните активности, гравитацијата на Месечината, која е само 1/6 од онаа на Земјата, би ги отежнала малку лунарните спортови. Вие таму би можеле да скокнете и фрлите топка дури 6 пати повисоко отколку на Земјата. Со други зборови, терените би требало да бидат многу поголеми отколку оние кои ги имаме тука.

Но, ако живеете на Месечината, вие никогаш нема да треба да ја проверувате временската прогноза. Поради својата тенка атмосфера, таму нема промена на времето. Секој ден е сончев без никаква шанса за дожд! Секако, вие би требало да внимавате на вселенското време, кое вклучува честички од метеори кои понекогаш се и со големина на топче за голф, како и за високо енергизираните честички од сонцето. Уште една потенцијална опасност на Месечината се и потресите. Апаратите кои биле оставени на површината за време на Аполо мисиите, покажуваат дека Месечината е сè уште сеизмички активна, со едночасовни потреси кои имаат и до 5,5 јачина на Рихтеровата скала. Овие потреси се доволно силни да создадат голема штета на градбите.

Па, како ви изгледа животот на Месечината? Ако ме прашувате мене, јас одма би си ги спакувала куферите и би отишла да живеам таму.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s