Одвреме-навреме знам да се изгубам во мислите за прашања на кои нема одговор, како што е поголемо од Универзумот или пак, која е целта на нашето постоење. Тоа често се случува кога сум најзафатена и кога, нели, немам време ни за дишење, а не па за бесцелно опседнување со нешто за кое во ниту едно сценарио не би можела да го дознаам одговорот. Токму затоа и пред некој ден се замислив за бесконечноста, конкретно со прашањето:
И како и секогаш, драгите твитерџии ги споделија своите коментари, но она кое ми остави најголем впечатокот беше дискусијата со @Dirty_Sanchoz каде што тој ми го сподели следново видео… Мора да признаам дека досега неколку пати го изгледав и толку сум воодушевена од целата тема што дури почнав и повеќе да истражувам во областа на математиката. Но, бидејќи сега не е тоа тема на разговор, ако сте заинтересирани за малку мозочна гимнастика, погледнете го видеово од кое без сомнение ќе ве заболи главата!