Што е темната материја? А што е темната енергија? Најкраткиот одговор е дека научниците сè уште не знаат ништо за нив, но се сигурни дека тие постојат. Но, со оглед на тоа што станува збор за најзначајните нешта во овој Универзум, оние кои ќе откријат за што точно станува збор, без сомнение ќе добијат Нобелова награда. Па, што се знае досега за овие чудни нешта?