Мали мистерии

Зошто нашите усни се розови?

Па, што е тоа што ги прави розови усните на сите луѓе кои живеат на оваа планета?

Зошто нашите усни се розови?

Голем број луѓе се опседнати со усните, најверојатно затоа што тие се навистина уникатни. Најпрво, вие сигурно сте забележале дека кожата на вашите усни е розова, но дали сте забележале дека сите луѓе на оваа планета имаат различни розови нијанси, вклучувајќи ги и оние со потемна кожа? Па, што е тоа што ги прави розови усните на сите луѓе кои живеат на оваа планета?

Краткиот одговор е дека вие имате повеќе крвни садови во вашите усни, па токму затоа и има повеќе крв покрај нивната површина. Заштитниот слој на вашата кожа кој не пропушта вода, познат како „stratum corneum“, е многу тенок на усните, па токму затоа и можете полесно да ги забележите вашите црвени крвни зрнца. Повеќето научниците веруваат дека бебињата ги користат своите усни за истражување, токму поради нивната чувствителност.

Но, зошто толку многу крвни садови се наоѓаат во нив? Па, размислете. Ние постојано ги користиме. Со нивна помош јадеме, зборуваме, се бакнуваме… Нашите усни имаат потреба од константни хранливи материи бидејќи мускулите кои ги контролираат постојано работат, резултирајќи со зголемена активност на крвниот тек. Фасцинантно, нели?

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s