Астрономија

#АстроФотоНаДенот – Сјајни ѕвезди кријат 2 необични галаксии

Сјајни ѕвезди и необични галаксии се протегаат ширум оваа космичка фотографија, која ни ја покажува областа околу соѕвездието Coma Berenices.

Сјајни ѕвезди и необични галаксии се протегаат ширум оваа космичка фотографија, која ни ја покажува областа околу соѕвездието Coma Berenices. Доволно силни да го насочат целото внимание кон себе, овие ѕвезди се во предниот дел од сцената, во внатрешноста на нашиот Млечен пат. Но, 2-те прекрасни галаксии се наоѓаат далеку од границите на нашата галаксија, на околу 40-тина милиони светлосни години оддалеченост. Позната и како NGC 4747, помалата и изобличена галаксија од лево има свое место во групата необични галаксии, бидејќи издолжените бранови опашки иницираат на силни гравитациски интеракции во своето минато. Веднаш до неа, се наоѓа поголемата NGC 4725, која на прв поглед изгледа како нормална спирална галаксија во чиј централен дел доминира жолтеникава светлина од постари ѕвезди кои им ослободуваат место на помладите сини ѕвездени јата кои се наоѓаат во спиралните завршетоци. Но, ако подобро погледнете, ќе забележите дека NGC 4725 изгледа прилично чудно со само една главна спирална рака.

Кликнете на фотографијата за оригиналната димензија (1900x1217)
Кликнете на фотографијата за оригиналната димензија (1900×1217)

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s