Истражување на вселената

На 27 септември нè очекува затемнување на супермесечина

Вечерта на 27 септември, месечината повторно ќе се скрие во сенката на Земјата, резултирајќи со тотална лунарна еклипса. Како и со сите други затемнувања на месечината, така и овој пат повеќе од половина луѓе на планетата ќе имаат можност да го набљудуваат. Скоро милијарда луѓе на западната хемисфера, 1,5 милијарди низ Европа и Африка и уште 500 милиони во западниот дел од Азија ќе бидат сведоци на овој интересен и исклучително феномен каде што Месечината добива неверојатна црвена боја. Па, ако се наоѓате во затемнетиот дел од оваа слика, тогаш големи се шансите дека и вие ќе можете да ја гледате.

(0) На 27 септември нè очекува затемнување на супермесечина

Оваа лунарна еклипса ќе ја вклучува и најголемата досега полна месечина во 2015 година, бидејќи таа истиот ден ќе се наоѓа во перигеј  – во својата најблиска точка до Земјата на околу 356.877 километри оддалеченост. Но, што поточно значи овој феномен?

(1) На 27 септември нè очекува затемнување на супермесечина

Најпрво да расчистиме околу терминологијата. Овој настан е познат по неколку различни имиња:

  • Supermoon Lunar Eclipse
  • Super Blood Moon
  • Harvest Moon Eclipse
  • Supermoon Eclipse

Сите овие различни имиња се однесуваат на истиот спектакуларен настан кој нè очекува овој викенд. Бидејќи ретко се случува да се спојат супермесечината и лунарната еклипса, време е малку дополнително да ги разјасниме нештата за да не настанат повторно забуни како со сината месечина.

1. Супермесечина

(2) На 27 септември нè очекува затемнување на супермесечина

Супермесечина е полна или млада месечина која се наоѓа околу есенската рамноденица, на својата најблиска позиција до Земјата. Поради својата позиција, таа може да изгледа и до 14% поголема од вообичаено.

2. Лунарна еклипса

(3) На 27 септември нè очекува затемнување на супермесечина

Лунарната еклипса се случува кога месечината поминува директно пред Земјата во нејзината сенка. Токму затоа и месечината добива интересна бакарна боја.

3. Лунарна еклипса на супермесечина

(4) На 27 септември нè очекува затемнување на супермесечина

Комбинацијата на овие два настани не се случува многу често. Всушност од 1900-тата година досега се случила само 5 пати! Овој феномен последен пат бил набљудуван во 1982 година и доколку го пропуштите оваа година, следната можност ќе ја добиете дури во 2033 година.

Како што веќе спомнавме, настанот ќе биде видлив од Америка, Европа и Африка, вечерта на 27 септември. Доколку над нашето небо тогаш има облаци, не се грижете, НАСА ќе овозможи пренос во живо на кој можете да се вклучите во секое време. Подолу го има времето кога овој настан ќе започне и заврши, со тоа што кај нас би било некаде во раните утрински часови, околу 4, на 28-ми. Уживајте.

(5) На 27 септември нè очекува затемнување на супермесечина

И да, овој пат месечината навистина ќе има црвена боја!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s