Занимливости

Прстен роден од ѕвездите

Истражувајќи метеорски кратер во 1893 година во Аризона, францускиот хемичар Хенри Моисант пронашол драгоцен камен за кој претпоставувал дека е дијамант, но потоа утврдил дека се работи за различно соединение, со потекло надвор од нашиот Сончев систем...

Истражувајќи метеорски кратер во 1893 година во Аризона, францускиот хемичар Хенри Моисант пронашол драгоцен камен за кој претпоставувал дека е дијамант. Откако истражувањата утврдиле дека се работи за различно соединение, со потекло надвор од нашиот Сончев систем и со далеку подобри оптички својства, новиот камен, во негова чест е наречен моисанит.

(1) Прстен роден од ѕвездите

Токму еден век подоцна, за прв пат почнува вештачки да се синтетизира ова соединение, па моисанитот покрај тоа што започнува да биде користен во воената и вселенската индустрија поради неговата издржливост, тој влегува и на пазарот за скапоцени камења и накит.

Денес, како растечки тренд во Соединетите Американски Држави, моисанитот е еден од најатрактивните опции при купување накит, а особено при изборот на веренечки прстени. Со цената е доста подостапен од дијамантот, иако оптичките својства го прават повпечатлив дури и од најчистите и најскапи дијаманти на пазарот. Издржливоста пак гарантира дека никогаш нема да го изгуби својот сјај, ниту пак ќе покаже знаци на оштетување после децениско користење.

Иако е недостапен во нашите продавници за накит, лесно е да се порача преку интернет, од повеќето продавници кои изложуваат примероци од Charles and Colvard (единствената компанија за производство на моисанит како драгоцен камен). Единствениот проблем се високите цени за царина, кои додадени на цената на самиот камен го прават малку непривлечен за нашите стандарди.

(2) Прстен роден од ѕвездите

Доколку убаво ги анализирате фотографиите, веднаш ќе забележите зошто за овој камен се вели дека е „роден од ѕвездите”. За повеќе информации прочитајте на Моissanite engagement rings – огромен ресурс составен од тимот на Lifestyle Updated каде детално е објаснето сè околу овој прекрасен камен.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s