Научниците кои ја истражуваат површината на Марс забележале илјадници темни млазови кои се појавуваат на ѕидовите од кањон и брда за време на летните месеци на оваа планета. Благодарение на оваа опсервација, тие конечно имаат цврст доказ дека постои солена течна вода во некои од овие сезонски млазови.

Една падина во кратерот Хоровиц, која се гледа на фотографијата погоре, е исцртана со темни млазови кои се и до 90 метри долги. Научниците веруваат дека тие се формирани од солена вода која тече надолу во потоплите месеци. Од друга страна пак, на фотографијата подолу, можат да се забележат светлите ѕидови на кратерот Гарни, каде што има слични линии повторно направени од вода.

Погледнете ја и оваа тајмлапс анимација од кратерот Паликир која ни покажува како овие млазови се шират и добиваат потемна боја за време на летните месеци на Марс, а потоа постепено повторно исчезнуваат откако температурата ќе се намали.
