Во светот на филмовите и сериите

Fear The Walking Dead: Да ја гледате или не?

This slideshow requires JavaScript.

Како голем фан на ТВ серијата The Walking Dead, мора да признаам дека со нетрпение ја чекав првата епизода од новата Fear The Walking Dead. Можеби моите очекувања беа преголеми, не велам не, но уште во првите неколку моменти ми делуваше како (скоро) целиот тим актери да е тотално утнат. Освен Mercedes Mason, Rubén Blades и Alycia Debnam-Carey, чиј перформанс веднаш се истакна, другите се… Па, делуваат многу вештачко така што се забележува нивната глума и затоа не ни овозможуваат да можеме да се внесеме целосно во приказната. Тоа не беше случај со оригиналната TWD, бидејќи таму сите актери се како измислени за својата улога и токму затоа кога ги гледате нив, можете целосно да ѝ се препуштите на приказната, исто како да сте навистина таму.

Друго нешто што не ми се допадна е што самата приказна тече како да нема тек. Дејствата скокаат од едно на друго место, скоро неповрзано и доведува до големи забуни, оставајќи ве со прашалници околу вашите глави за она што всушност го гледате пред вас. FearTWD беше најавена како претходник на TWD, со цел да ни објасни како сè почнало и како светот паднал. Но, тоа воопшто не се случува. Баш напротив, таа ни создава повеќе прашања отколку одговори што на моменти е навистина иритантно, бидејќи ние веќе голем дел од приказната знаеме (по 5-годишно макотрпно откривање).

Да се вратам на темата. Првата сезона има 6 епизоди, кои веќе сите се излезени, но секоја од епизодите (со исклучок на последната, која дефинитивно беше најдобро разработена) беше како избрзана, како само да се претрча низ приказната колку да се каже дека поминало. Повторно ќе кажам, намената на оваа серија беше да ни се разјаснат некои работи кои не можевме да ги видиме во TWD бидејќи Рик беше во кома за време на клучните моменти. Ако ме прашувате мене, сè тоа што се случи во овие 6 епизоди, можеше многу подобро да се објасни во 12, чекор по чекор, полека внесувајќи нè во самата приказна наместо само да нè фрлат во центарот и да се надеваат дека самите ќе се снајдеме.

OK, сега ќе преминам на самата приказна и иако ќе се трудам да не пуштам некој спојлер, доколку ја немате сè уште гледано и не сакате да дознаете буквално ништо, тогаш прескокнете го следниот пасус и продолжете на тој под него. 3… 2… 1… Сега!

Имајќи го на ум сè тоа кое погоре го спомнав, ние повторно не знаеме ништо за начинот на кој настанал овој, па ајде да го наречеме вирус, ниту пак, од каде се појавил. Уште помалку, што можеби е најважно – како тоа целиот свет успеал да се зарази одеднаш? Исто така поради фактот што самата приказна се врти околу две семејства и нивното снаоѓање со тоа што се случува, не можеме да видиме многу ни од хаосот кој овој ненадеен вирус го предизвикал врз луѓето. Да, има неколку сцени во кои гледаме како полицијата збунето пука во луѓе кои едноставно не умираат, мислам дека тоа го има и на трејлерот, но тоа е сè. Останатите сцени се одвиваат во домот на главните ликови, кои всушност се оттргнати од клучните настани кои довеле до крајот на светот каков што сите ние го знаеме.

Па, дали да започнете да ја гледате оваа ТВ серија или не? Доколку не сте ја гледале оригиналната The Walking Dead, тогаш дефинитивно не, бидејќи целосно ќе се изгубите во приказната и ништо нема да разберете. Токму затоа ќе ви биде здодевна и големи се шансите дека нема ни да ја догледате. Од друга страна пак, ако сте ептен големи фанови на TWD, како мене, можете да ја пуштите, од лојалност, но притоа да не очекувате многу од неа. За губење слободно време е добра. Но, ништо повеќе од тоа.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s