Една од најголемите мистерии на човештвото е изградбата на неверојатните пирамиди ширум светот. Особено оние во Египет. Ако ме прашувате мене, сè уште сум цврсто убедена дека луѓето не би можеле да изградат нешто такво со технологијата која тогаш ја поседувале и дека мора да имале некаква помош од надвор (да, имам гледано премногу епизоди од документарната Ancient Aliens и серијата Stargate SG-1). Имајќи го ова на ум, погледнете го ова видео кое ни дава одлично објаснување, чекор по чекор, за начинот на кој тие можеби биле толку добро изградени. Дефинитивно вреди да се погледне! Уживајте…