Незаборавни занимливости

Научниците остваруваат филмска магија: Телепортерот е блиску до реалноста

Научниците остваруваат филмска магија: Телепортерот е блиску до реалноста

Ако сте љубители на Star Trek, тогаш сигурна сум дека една од најголемите желби ви е да искусите телепортирање (и холодек, секако, но тоа не е темата на овој пост). Доколку мислевте дека тоа постои само во научната фантастика, тогаш дефинитивно грешите. И покрај тоа што целата идеја изгледа како да е извлечена од овие филмови и серии, станува збор за нешто што е вистински достижно во реалноста. Квантната телепортација вклучува фаќање на квантната состојба на еден објект и потоа инстантно телепортирање на друга локација, преуредувајќи ги честичките со цел да се создаде истиот објект повторно.

Процесот зависи од концептот наречен квантен заплет, според кој субатомските честички можат да си влијаат едни на други, без разлика колкаво растојание има помеѓу нив. И покрај тоа што физичарите сè уште не можат да телепортираат материја, тие сепак успеале да постават нов рекорд при телепортација на фотон (честичка од светлината) на позиција од над 100 километри оддалеченост. Физичарот Мартин Стивенс, коавторот на студијата, исто така вели дека ова откритие може да донесе многу придобивки кои вклучуваат подобро и побезбедно префрлање податоци преку Интернет:

„Квантниот Интернет би можел да ви дозволи да создадете комуникациски канали кои се многу посигурни од оние кои се поставени со стандардните протоколи за енкрипција кои денес се користат.“

И покрај тоа што сè уште не е можно да се транспортира материја, науката еволуира со неверојатно брзина, носејќи ни секојдневно нови откритија. Којзнае, можеби за 50 години од сега би можеле сите да патуваме преку телепортација. Искрено, едвај чекам да видам што ќе се случи!

_______________________________________________________________________________

Автор: Моника

Дипломиран психолог. Во слободно време обожавам да пишувам. Отсекогаш ме интересирала астрoфизиката, а животно мото ми е дека не смеам да поминам ниту еден ден без танцување. Почнав да пишувам книга, научна фантастика, со надеж дека конечно ќе завршам нешто во мојот живот. Твитер ми помага да размислувам, особено во #ТретаСмена. Обожавам вино, црвено. Живеам за да пијам кафе.

_______________________________________________________________________________

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s