Дишењето нè одржува. Тоа е најважната функција која ја имаме со цел да останеме живи. Дишењето е можеби еден од најмалку сфатените и најмногу игнорираните механизми кои ги поседуваме. Еден просечен човек го достигнува врвот на респираторните функции во своите средни 20-ти години, а потоа капацитетот на белите дробови почнува полека да се намалува. Токму затоа, ако не преземете нешто со цел да го подобрите вашето дишење, тоа значително ќе опадне, а заедно со него и вашето генерално здравје и долговечност. Од друга страна пак, многумина од нас несвесно прифатиле, случајно формирале или пак, емоционално сме си наметнале нездрави обрасци на дишење. Токму тие можат да предизвикаат физиолошки и психолошки стрес и анксиозност. Со цел да научите да дишете подобро, погледнете го следново видео со инструкции кое може многу да ви помогне…