Писмата од Мишима

Можеби

Можеби. Колку е дволичен овој збор. Ми наликува на човек со две лица, каде во двете раце држи различни, сосема спротивни работи. Розево цвеќе, кое мириса на преубава надеж и среќа, а во другата рака држи ножици со кои ти ги ги сече цвеќињата и при тоа злобно се насмевнува.

Јас би го забранила овој збор. Би го исфрлила од речникот. Зошто? Затоа што ти дава толку многу елан, крилја и радост, а може да те закопа за секунда.

Можеби

„Можеби ќе дојдам“, „Можеби ќе се видиме“, „Можеби ќе биде работа“, „Можеби ќе има повик за стипендија“, „Можеби ќе се јави“, „Можеби…“, „Можеби…“, „Можеби…“. И сè така до недоглед. Го мразам овој збор. Подобро кажи НЕ, отколку МОЖЕБИ.

„Можеби ќе се видиме“. Ти ја дава онаа трошка, лажна надеж, слободно ти става јамка околу вратот и кога си заминува, тоа „можеби“ те стега, задушува, почнува телото да ти се бори за здив и притоа сфаќаш колку си бил глупа и наивна и си верувал на реченица која го содржела овој збор од 6 букви. „Можеби“ за тебе имало едно значење, а за него друго. За тебе, овој збор бил како првите пролетни сончеви зраци, а за него било само една игра која му го пополнувала неговото слободно време, „ете да не му биде досадно“, му била резервна шанса која му го полнела неговото мало, искомплексирано и осакатено его.

„Можеби ќе биде работа тука“. Конечно се радуваш, ќе ја работам работата од соништата, конечно се цени мојот труд, ете среќата и мене ми се насмевнува. Но, не. Тоа „можеби“ на крајот завршува „за тебе нема место тука“ и доаѓа некој со дебели врски, некој кој што не го бива, ама ете има добар грб. И ти, сосема тонеш во раочарувања, милион солзи и започнуваш од дно на својата душа да си ја мразиш професијата. И сето тоа поради тој збор „можеби“ кој ти дал крилја за на крај да те бутне во толкава бездна и без око да му трепне, те гледа одозгора и задоволно се смешка.

Е затоа толку го мразам овој збор. Не го изговарај ако не мислиш нешто сериозно и ако знаеш дека 100% ќе можеш да го исполниш делот после него. Немој да го изговараш, си играш со нечиви соништа и очекувања. Немој. Знаеш колку боли кога си ги гледаш пропуштените шанси само поради тие „можеби“ моменти? Подобро кажи „не“, разочарај го моментално и остави го да си ја бара среќата на друго место. Ако успееш да најдеш начин, време, изненади го, но немој да му даваш лажна надеж. Немој те молам.

Тој сосема мал, навидум невин збор составен од 6 букви, менува животи, дава непреспиени ноќи поради надежта, но и ужасни разочарувања, кога истото нема да се оствари. Знам, бидејќи го имам почувствувано безброј пати на кожава и душава. Знам колку искрено сум се радувала на тие „можеби“ реченици. Не викам дека немале среќни исходи. Но, неисполнувањата се убиствени.

Престанав да им верувам на луѓето што го изговараат тој збор. А јас се обидувам да го извадам од моето секојдневие, затоа што не сакам да бидам тој „можеби“ човек, кој подоцна не го исполнува делот од реченицата после тој збор.

А најмногу од сè, немој да велиш „можеби“ кога мислиш „не“ само за да си оставиш резервен простор. Кармата е кучка. Враќа кога најмалку очекуваш.

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s