За разлика од другите организми на земјата, луѓето не само што еволуираат со цел подобро да се адаптираат на околината, туку истовремено се обликуваат и од технологијата. Како што се зголемува употребата и развивањето на технологијата, така и нашите тела се адаптираат со цел да се прилагодат на овие нови потреби.

Од еволуциска гледна точка, 1.000 години за приматите не е многу долго време. Но, влијанието кое го имаме од промените во околината и развојот на технологијата е доволно драматично за луѓето со цел да се забележат видливи разлики. Токму тоа и се обидуваат да ни го покажат AsapSCIENCE со нивното ново видео кое го носи насловот „Луѓето за 1.000 години“.