15 ти Ноември
Писмата од Мишима

15-ти ноември

15-ти ноември. Од каде да почнам?

Сигурно сите имате одредени датуми кои посакувате да ги вратите назад, само за да ги доживеете пак? Или да поправите нешто за да бидат совршени? Јас сакам да го вратам ланскиот 15-ти ноември.

15 ти Ноември

Истиот датум, истото време, ама друго ништо не е исто. Се сеќавам како забрзано идев, дури летав, не сакав да губам од нашето време, неколкуте часа што ги имавме на располагање. Срцево забрзано ми биеше, а нозеве ми се тресеа. Едвај чекав да те видам и гушнам. Умирав да ја видам твојата насмевка. Колку повеќе се приближував до тебе толку сè повеќе не ми се веруваше дека си тука. Дека те гледам како ми се насмевнуваш, седнат до мене. Гушнати, со испреплетени дланки. Бев најсреќната на свет! Кога се држевме за раце додека се шетавмe. И секој миг, секој црвен семафор што го искористуваше само да ми измамиш бакнежи. Твоите гушки. Ми фали тој ден, знаеш? Многу. И оние ветувања на нашето следно видување.

Со нетрпение го чекавме тој ден. А сега не го ни познаваш датумов. Сеедно ти е. Да ги прочиташ ланските и сегашните пораки слободно може да се рече дека не се работи за истиот човек. Наивна сум многу, нели? Секогаш мислам дека луѓето имаат исто срце како моето, но не е така. Е тоа ме заебува многу.

Посакувам да се случи некоја магија, повторно да се врати времето, само за да променам некои работи, да бидат неверојатни. Ама изгледа носталгијата е еден грд лажливец, кој што сака да ти го купува сегашното време, нудејќи ти избледени сеќавања.

Или уште подобро, би сакала да добијам уште една шанса со тебе. Сакам неколку дена сами, јас и ти. Далеку од цел свет. Само за да тргнам понатаму. За да ја завршам таа приказна со тебе. Да ми донесе спокој. Неколку дена само со твоите допири, насмевка и погледи. И после да ме пуштиш да заминам. За нова, поубава приказна. Неколку дена далеку од тука. Само јас и ти и град којшто не го знам. Смеејќи се секој ден, живеејќи го моментот. Да ти раскажувам за моите соништа, планови, омилен кошаркаски клуб, а ти за твоите патувања и работа. Да не престанеш да ме гушкаш и бакнуваш. И на крај да ме пуштиш. Среќна. Без тебе во мисливе. Слободна со затворено поглавје.

Ама изгледа тоа нема никогаш нема да се случи, м? Изгледа некои поглавја остануваат недопишани, со истурено кафе по страниците, размачкани реченици од солзи, некои работи недовршени, зборови недокажани и непишани од пенкалото чија мина се потрошила…

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s