Мали мистерии

Зошто постојат мажите?

Истражувачите конечно веруваат дека можеби го нашле одговорот на ова прашање...

Постоењето на мажите долго време ги бунело научниците. Сексуалната репродукција е многу комплицирана, но не е многу ефикасна, па зошто тогаш поголемиот дел од повеќеклеточните видови ја користат како метод за пренесување на своите гени? Истражувачите конечно веруваат дека можеби го нашле одговорот на ова прашање, предложувајќи дека еволуционите сили знаат дека сексуалната селекција игра клучна улога во подобрувањето на здравјето на популацијата, како и во заштитата од изумирање.

Зошто постојат мажите?

Во оваа студија, која била објавена во журналот Nature, научниците погледнале подобро во животот на бубачките Tribolium flour beetles со цел да разберат зошто поголемиот дел од повеќеклеточните организми зависат од сексот за размножување. Под контролирани лабораториски услови, истражувачите испитувале 50 генерации од овие бубачки во период од 10 години и го тестирале влијанието на сексуалната селекција. Според теоријата на Дарвин, сексуалната селекција е процес каде што мажите се натпреваруваат за шансата да се размножуваат, додека жените одбираат со кои мажи ќе го сторат тоа. Водечкиот истражувач, професорот Matt Gage, вели:

„Скоро сите повеќеклеточни организми на планетата се размножуваат со помош на секс, но неговото постоење не е воопшто едноставно да се објасни бидејќи самиот секс носи големи потешкотии, меѓу кои најочигледниот е фактот дека само половина од децата, ќерките, понатаму можат да создадат ново дете. Зошто кој било вид би трошел толку труд за синови? Ние сакаме да разбереме зошто оваа селекција е толку широко распространета и дозволува овој процес да продолжи, кога би било многу пологично да има популација од само женски индивидуи кои асексуално би се размножувале, на тој начин создавајќи многу поголем број нови единки.”

Истражувачите откриле дека кога сексуалната селекција ќе се тргнела и бубачките ќе биле однапред поделени на моногамни парови, здравјето на популацијата нагло опаѓало и тие изумирале до 10-тата генерација. Од друга страна пак, онаму каде што сексуалната селекција имала големо влијание и каде што 90 мажи требало да се натпреваруваат за вниманието на само 10 жени, тие биле многу поотпорни на изумирање.

„За да се успее во сексуалната селекција, единката треба да биде успешна на повеќе полиња со цел да ги победи ривалите и да привлече партнер, па токму тоа и создава ефективен филтер при одржувањето на здравјето и подобрувањето на генетското здравје. Нашите откритија покажуваат директна поддршка за теоријата дека сексот има доминантна улога при размножувањето бидејќи дозволува сексуалната селекција да ги овозможи овие важни генетски придобивки.”

Студијата сугерира дека сексуалната селекција игра критична улога во одбегнувањето штетни генетски мутации, бидејќи преку натпреварот, женските индивидуи имаат помали шанси да одберат генетски инфериорен партнер.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s