Последното писмо до тебе
Писмата од Мишима

Последното писмо до тебе

31 декември. Последен ден од оваа година. Часовите пополека изминуваат.

Извини ако има премногу горчина во ова писмо. Извини, навистина извини. Но, морав некаде да ја извадам. Се насобираше цела година и вчера пукна, се изли насекаде околу…

Од каде да почнам?

Последното писмо до тебе

Ќе почнам од градот во кој што толку многу сакав да живеам, да продолжам со моето школување. Мислев дека се помирив со тој факт, дека нема тука да живеам, бар на кратко, ама кога стапнав на автобуската сфатив дека е тука. Она глупо чувство дека не си успеал…

Боли. Боли тоа што се шеташ и ти се враќаат во глава сите работи, филмови, ветувања што си ги имаш кажувано на себе. Сфаќаш дека ќе бидеш тетка која што си го гледа внукот 2 пати годишно. Дека многу работи од животот на сестра ти ќе испуштиш. Затоа што баш оваа година немаше стипендија.

Дека си заглавен во место. Ти поминуваат низ глава сите тие нервози, плачења, напори кој што ги дадов за нешто што го нема. Сите оние глупи ветувања заради кои ги промаши претходните шанси. И си ужасно лута на себе.

Потоа вчерашните случувања со тебе. На денешен ден се запознавме, знаеш? Се сеќавам како влезе во просторијата, како се ракувавме и започнавме да зборуваме. Знам дека така ја постави раката под твојата брада и ме слушаше внимателно.

А иронијата е тоа што вчера ја прекинавме целата комуникација. Со најгрди зборови, на најглуп можен начин. А не делеше само една недела за повторно да се видиме. Како е можно некој што толку ти значел така да те повреди? Знам дека ти посакав сè најлошо, да гориш во пеколот, дека Универзумот ќе ти плати за сѐ, никогаш да немаш среќа, дека не си достоен некој да те љуби… А најлошото е што јас сум доказ дека си бил сакан. Иако гласно негирав, кога ми кажа вчера да не доаѓам кај тебе, сфатив дека си ми значел. Ако не си ми значел немаше вака да ме боли, нели?

Но, вистината е дека јас сум си сама крива. Ние никогаш не сме постоеле, ти беше само една илузија помешана со љубов. Јас сум човек што лесно се заљубува во зборови, а не во дела. Колку лесно верував во твоите зборови, иако ме предупредуваа дека имаш двојно лице. Сама си влегов во тој вакум, во вртлог на измислени чувства. Проблемот е во мојата глава. Не знам. Сè ми се измеша. Најверојатно бев премногу желна за трошка љубов и внимание. Сакав некоја измислена личност, некоја што ја имав запознаено пред неколку години. Ама изгледа не сме истите веќе?

Мразам кога ми се појавуваш во сон. Сè е убаво таму, лесно. Тешкото е будењето. Станувањето од креветот. Соочувањето со реалноста. Повторно од почеток. Од ладност и не знаење што да правиш. Нема да се појавиш повеќе. Знам. Кукавица си. Не ми е јасно како спиеш навечер? Навистина мислев дека си посебен, беше покрај мене во добри и лоши моменти, не ми е јасно што се случи.

Сите тие ветувања, броењата на денови додека се видиме за на крај да испадннеш комплетен кретен. Не можеш на некој да му ветуваш нешто, за после во последен миг да му откажеш. Одвратно. Навистина се надевам дека кармата сè ќе си наплати. Не ми е криво за тие зборови што ти ги кажав. Ме повреди. Многу. И онака само знаеш да се извинуваш. Ко навиен си на тој збор. Не е доволно само тоа. Вчера навистина ме расплака, ме скрши комплетно… Не беше свесен колку бев желна да те видам. Да те гушнам. Колку пати ја замислував нашата повторна средба.

Но, додека листав во мојот нотес сфатив една работа… Некои луѓе доаѓаат во нашиот живот само за да нè научат на одредени лекции. И дека после тоа тие треба да заминат…. Иако ужасно посакуваме тие да се покрај нас целиот живот. Најверојатно ти си еден од нив. Не би сакала да ми се појавиш повеќе во мојот живот. Доста се заебавав со тебе. Искрено.

Само што… Знаеш дека немам никакви планови за новата година што пристига? Јас што секогаш сум имала цела листа со желби, овој пат листот ми е празен… Всушност решив новата година да се посветам на себе. Да работам повеќе на себе. Да се сакам и почитувам себеси. Да расчистам некои работи во мојата глава. И да престанам да бидам патетична за работи кои што не постоеле. И совет плус. Гледајте помалку луѓе да знаат за Вашите планови и среќа. Подолго ќе траат.

Фали ти што намина во мојот живот Иван. Се надевам ќе ти биде удобно во пеколот.

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s