Занимливости

Од денес Нетфликс е достапен и во Македонија!

Збогум Торент... Здраво Нетфликс!

Пред малку ми пристигна мејлот на годината. Ми пишале од Нетфликс! Еве ја нивната порака:

(1) Од денес Нетфликс е достапен и во Македонија!

Зарем има подобар начин да се започне годината? Ако сте огромен фан на ТВ серии и филмови, исто како мене, тогаш сигурна сум дека оваа новост ќе ви ја направи оваа вечер незаборавна (и најверојатно без сон, бидејќи, нели… НЕТФЛИКС Е ДОСТАПЕН ВО МАКЕДОНИЈА!). Јас толку многу се израдував што решив дури и да ја прекинам мојата едномесечна пауза од пишување на блогов со цел да ве известам и израдувам и вас…

Па, што е Нетфликс? Станува збор за веб-сајт со голема архива од ТВ серии и филмови (нови и стари) кој е број 1 по посетеност во светот (читај: под светот мислам на Америка). Откако ќе си направите акаунт, првиот месец е бесплатно, но од наредниот се плаќа месечна претплата од 7,99/9,99/11,99 долари во зависност од тоа дали сакате истовремено да гледате на 1, 2 или 4 уреди и секако, од висината на цената зависи и квалитетот на содржините кои ќе ги гледате.

(2) Од денес Нетфликс е достапен и во Македонија!

Не знам за вас, ама јас веќе направив акаунт и во истиот момент кога ќе го објавам овој пост ќе почнам со гледање! Долго време се наканувам да ја пуштам Arrow, бидејќи сум голем фан на The Flash, па поради нивната поврзаност едноставно не можам да ја оставам негледана. А можеби и ќе продолжам со втора сезона од The Blacklist која поради недостаток од слободно време ми е ставена на пауза… Или да почнам нешто сосема ново? Хм… Да, кога има голем избор, тешко е да се одлучи!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s