Нема ништо што може да предизвика поголемо естетско задоволство од симетријата, особено кога станува збор за архитектурата. Ова особено доаѓа до израз кај античките градби, бидејќи таа отсекогаш била знак за вистинска убавина на структурите. Токму затоа и фотографите зад профилот Symmetrical Monsters постојано се во потрага по симетријата во секојдневниот живот. Погледнете дел од нивната одлична работа, а ако сакате да видите и нешто повеќе, посетете го нивниот Инстаграм профил.