Во светот на филмовите и сериите

Еве кога ќе излезат следните #StarWars филмови

(1) Еве кога ќе излезат следните #StarWars филмови

Сигурно веќе сте имале можност (можеби и повеќе од еднаш) да го гледате новото продолжение од легендарната Star Wars приказна, The Force Awakens, и сега не можете да го дочекате следниот дел… Тотално ве сфаќам! Но, за жал мора трпеливо да чекаме додека приказната полека се развива во текот на наредниве неколку (повеќе) години. Исто така имајте на ум дека постојат големи шанси овие датуми да се сменат, меѓутоа отприлика ова можеме да го очекуваме…

Rogue One: A Star Wars Story

(1) Еве кога ќе излезат следните #StarWars филмови

Режисер: Gareth Edwards

Автори: Gary Whitta and Chris Weitz

Главни улоги: Felicity Jones, Diego Luna, Riz Ahmed, Ben Mendelsohn, Donnie Yen, Jiang Wen, Forest Whitaker, Mads Mikkelsen и Alan Tudyk

Кратка содржина: Следејќи го создавањето на Галактичката Империја, група бунтовници борци ќе се спојат со цел да завршат очајна мисија: Да ги украдат плановите за Ѕвездата на Смртта пред таа да може да биде искористена во корист на Императорот.

Премиера: 16 декември 2016

Star Wars: Episode VIII

(3) Еве кога ќе излезат следните #StarWars филмови

Режисер: Rian Johnson

Автор: Rian Johnson

Главни улоги: Mark Hamill, Daisy Ridley, Oscar Isaac (се претпоставува)

Кратка содржина: Непозната.

Премиера: 15 декември 2017 (поместено е за 7 месеци од првичната премиера која требаше да биде во мај, 2017)

Star Wars Anthology: Han Solo (насловот е сè уште во изработка)

(2) Еве кога ќе излезат следните #StarWars филмови

Режисери: Phil Lord и Christopher Miller

Автори: Lawrence и Jon Kasdan

Главни улоги: Сè уште не се знае.

Кратка содржина: Како младиот Хан Соло станал шверцерот, крадецот и ништожникот  кој Лук Скајвокер и Оби-Ван Кеноби прв пат го сретнале во кантината на Мос Ајсли.

Премиера: 25 мај 2018

Star Wars: Episode IX

(4) Еве кога ќе излезат следните #StarWars филмови

Режисер: Colin Trevorrow

Автор: Rian Johnson

Главни улоги: Сè уште не се знае.

Кратка содржина: Непозната.

Премиера: 2019

Star Wars Anthology: Boba Fett

(5) Еве кога ќе излезат следните #StarWars филмови

Режисер: Сè уште не се знае.

Автор: Сè уште не се знае.

Главни улоги: Сè уште не се знае.

Кратка содржина: Непозната.

Премиера: 2020 (се претпоставува)

Па, ако сè оди како што треба, ќе добиеме 5 Star Wars филмови за 4 години. Со оглед на тоа што досега имавме „само“ 7 за 38 години, ова воопшто не е лошо!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s