Занимливости

Како бесплатно да пристапите до сите содржини на Нетфликс?

Повелете и друг пат.

Како бесплатно да пристапите до сите содржини на Нетфликс?

Ако ме прашувате мене, нема логика да се ограничува содржината за различни држави на Нетфликс, или на кој било друг веб-сајт каде што постои претплатување бидејќи реално плаќаме за да можеме да го користиме тоа што ни го понудуваат. Но, со оглед на тоа што не можеме ништо да направиме за овие правила, мора да најдеме начин како да се снајдеме со тоа што го имаме на располагање. Како беше таа изреката: „Снајди се, па живеј“? Токму со оваа намера тргнав во потрага на Гугл за да откријам дали има начин да го излажам Нетфликс дека живеам во друга држава со цел да ми ги покаже сите содржини кои ги има.

За среќа, налетав на една статија во која се објаснуваше дека дури ни американците немаат пристап до сите содржини. Да, дечкото зад статијата се жалеше, велејќи: „Зошто во Бразил да можат да гледаат Modern Family, а ние тука во Америка не?“ Тоа ми беше истовремено и апсурдно и смешно, со оглед на тоа што тие можат да ја гледаат Modern Family и на телевизија, во истиот момент кога епизодата излегува. Но, ајде да не бараме логика во политиката која ја води Нетфликс бидејќи очигледно ќе заглавиме во круг од кој нема излегување.

Да не должам, постојат повеќе алатки кои можат да ви помогнат да го измамите Нетфликс да ви ја открие целата содржина која ја има, но од сите тие сметам дека Хола е најдобра. Таа не само што е бесплатна, туку и во последниве неколку недели што ја користам работи беспрекорно. Станува збор за екстензија која можете да ја активирате кога сакате и да ја користите не само за Нетфликс, туку и за сите оние видео содржини кои се недостапни во нашата држава. Само наместете од која држава сакате да гледате и тоа е тоа.

(1) Како бесплатно да пристапите до сите содржини на Нетфликс?

Секако, сè уште мора да бидете претплатени на Нетфликс за да можете да гледате, но со помошта на Хола ќе имате бескраен број содржини, од филмови и серии, до различни документарни кои не се достапни на нашата македонска верзија. Единствениот минус е што оваа екстензија е само за браузер, па со неа ќе можете да гледате исклучиво на компјутер, но ништо страшно. Секогаш можете да го поврзете вашиот компјутер со телевизорот преку хдми кабел, нели? 🙂

Повелете и друг пат.

One comment

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s