Филм и ТВ

Предлог филм: #SourceCode

На кратко, филмот е одличен!

Предлог филм: #SourceCode

Во последно време ретко кога се воодушевувам од некој филм. Не знам дали станува збор за презаситеност или пак, филмската индустрија стана премногу предвидлива, ама сè помалку приказни ми го активираат мозокот и ме тераат толку многу да се замислам, што потоа со денови не можам да го оттргнам од мислите. Или пак, можеби е до мене. Можеби јас сум единствениот човек на планетава што сака да гледа филмови кои ќе ми отворат сосема нова димензија на постоење, реалност во која сè би било можно… Нешто сосема различно од она кое сме навикнати да го гледаме во денешното секојдневие.

(1) Предлог филм: #SourceCode (2) Предлог филм: #SourceCode

Имајќи го ова на ум, пред некој ден гледав еден филм кој имаше токму такво влијание врз мене. Станува збор за Source Code, од 2011 година, кој е третина мистерија, третина трилер и третина научна фантастика. Според мене, тоа е совршената комбинација за приказна која би можела да ве воодушеви. Главната улога му припаѓа на Џејк Џиленхол, кој делува како едноставно да е измислен за ликот Колтер Стивенс – воен капетан кој се буди во телото на маж кој се вика Шон. Тој се наоѓа во воз кој е во движење и не сфаќа како дошол тука. За жал, нема да има можност ни да открие, бидејќи за неколку минути возот ќе експлодира, заедно со него.

(3) Предлог филм: #SourceCode (4) Предлог филм: #SourceCode

Брзо потоа откриваме дека Стивенс е дел од програма која ги заробува последните 8 минути од животот на една личност, со цел да му овозможи да открие кој стои зад бомбата. Неговата мисија е да ја најде одговорната личност, за да се спречат идни напади кои би можеле да чинат многу животи. За жал, луѓето кои се во возот не можат да бидат спасени. Можеби би си рекле дека тој „патува“ во минатото и има можност да ги спаси сите овие луѓе, но реалноста е дека тој всушност се наоѓа во еден вид ехо од овој настан, без способност да промени ништо. Или пак, можеби станува збор за нешто многу повеќе?

(5) Предлог филм: #SourceCode (6) Предлог филм: #SourceCode

На кратко, филмот е одличен! Ако сте расположени за мистерија која ќе ве замисли и која ќе ви покаже дека ништо не е невозможно, тогаш Source Code е совршениот филм за вас. Еве ви краток трејлер за да ѕирнете точно што се случува, но мислам дека воопшто нема потреба да губите време со него. Едноставно ставете го да се симнува и имате одличен филм за вечер.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s