Филм и ТВ

Дали деветтата епизода од Star Wars ќе биде навистина снимана во вселената?

Изгледа дека деветтата епизода од „Star Wars“ ќе биде надвор од овој свет – буквално!

Дали деветтата епизода од Star Wars ќе биде навистина снимана во вселената?

Изгледа дека деветтата епизода од „Star Wars“ ќе биде надвор од овој свет – буквално! Колин Тревороу, кој ќе биде режисерот на овој филм, вели дека се надева да снима на локации во вселената. Амбициозниот режисер објаснува:

„Поставив прашање дали е можно да се снима со оваа опрема која моментално ја имаме во вистинската вселена… И сè уште не сум добил одговор, но знам дека тоа го имаат сторено и претходно! Иако не било за филмски намени.“

И покрај тоа што снимањето во вселената за филм изгледа малку екстремно, режисерот Кристофер Нолан исто така признал дека размислувал за оваа идеја за филмот „Interstellar“. На крајот, Нолан одлучил да искористи вистински снимки од вселената, но ниту една од нив не била снимена специјално за тој филм.

Од друга страна пак, Тревороу исто така открил дека планира да ја сними целата деветта епизода на филм, наместо дигитално (како што бил случајот и со „The Force Awakens“).

Деветтата епизода од „Star Wars“ се планира да биде во 2019-та година. Бидете во близина за понатамошни детали.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s