Незаборавни занимливости

Моќно видео кое ни покажува дека депресијата не е секогаш очигледна

Видео кое ни покажува дека депресијата не е секогаш очигледна

Ако верувавте дека ситниците не значат ништо, тогаш ова неодамнешно видео од BuzzFeed ќе ви покаже зошто треба да најдете време да размислите за сите оние нешта кои мислите дека ги знаете. Во ова видео, главниот лик поминува низ истата дневна рутина секојдневно: се буди наутро, заглавува во сообраќај, еден колега му посакува „добро утро“ на работа, тој седи на својата работна маса, руча, па колегата му посакува „добра ноќ“ кога си оди, гледа телевизија и си легнува да спие.

Овој навидум монотон циклус продолжува сè додека еден ден тој не открие дека претходно неименуваниот колега си го одземал својот живот. Тој толку многу бил фокусиран на својот живот што воопшто немал идеја дека неговиот колега поминувал низ нешто големо. Според Светската здравствена организација, депресијата е водечката причина за глобалната инвалидност и најмногу ги напаѓа жените. Околу 350 милиони луѓе страдаат од нарушувања на расположението.

И покрај тоа што симптомите можат да варираат од личност на личност, Националните институти за здравје заклучуваат дека најчестите симптоми вклучуваат тага, безнадежност, губење интерес, замор, проблеми со спиењето и промени во апетитот. Во многу случаи, депресијата не е лесна за идентификување, исто како и кај Рики. Имајте го тоа на ум и обрнувајте повеќе внимание на луѓето околу вас, особено на оние кои ви се најблиски.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s