Потеклото на човекот според античките текстови на Сумерите

(1) Потеклото на човекот според античките текстови на Сумерите

Сумер, или „земјата на цивилизираните кралеви“, постоела во Месопотамија, денешен Ирак, отприлика во 4500-тата година пред нашата ера. Сумерите создале напредна цивилизација со свој сопствени системи од сложен јазик за говорење и пишување, архитектура и уметност, астрономија и математика. Нивниот религиозен систем бил исто така комплексен и се состоел од илјадници богови. Според античките текстови, секој Сумерски град бил заштитуван од свој сопствен бог и додека луѓето и боговите живееле заедно, човечката раса била слуги на боговите.

Сумерскиот мит за создавањето може да се најде на таблет во Нипур, антички град во Месопотамија кој бил создаден околу 5000-тата година пред нашата ера. Создавањето на Земјата (Енума Елиш), според сумерите, започнува вака:

Кога небото во висините сè уште не било именувано,

И земјата одоздола сè уште не носела име,

И исконскиот Апсу, кој ги создал,

И хаосот, Тиамут, нивната мајка,

Нивните води биле заедно измешани,

И ниту едно поле не било формирано, ниту едно мочуриште не можело да биде видено;

Кога од боговите никој не бил повикан во постоење,

И ниту еден не носел име, и немало создадено судбини;

Токму тогаш биле создадени боговите во средината на небото,

Лахму и Лахаму биле повикани во постоење…

Сумерскиот мит тврди дека во почетокот, боговите кои наликувале на луѓе владееле со Земјата. Кога тие се симнале на Земјата, имало многу работа што требало да биде завршена и овие богови почнале да ја обработуваат почвата, со цел да можат да ја направат плодна и да ископуваат минерали. Тие работеле на овој начин околу 3.600 години пред конечно да одлучат дека им е доволно. Токму затоа и почнале со штрајк, ги запалиле нивните алатки и го нападнале храмот на Енлил кој се плашел од лутата толпа, па побарал совет од другите големи богови, особено од Ану и Енки.

Кога боговите како мажи

Ја носеле работата и страдале за неа

Трудот на боговите бил голем

Работата била тешка, страдањето било премногу.

Ану, богот на сите богови, се согласил дека нивната работа била многу тешка. Неговиот син, Енки или Еа, предложил да создадат нова раса која ќе ја преземе оваа тешка работа, па на тој начин, заедно со неговата полусестра Нинки, тоа и го сторил. Тие го одбрале Гешту-е, бог кој бил надарен со голема интелигенција и го жртвувале. Божицата на раѓањето, Нинма, го измешала неговото тело и крв со глина, врз кое подоцна плукнале сите богови.

(2) Потеклото на човекот според античките текстови на Сумерите

Таа потоа ја однела мешавината во собата на судбината, каде што рецитирала магии и потоа одделила 14 парчиња од глината. Тргнала 7 од нив на десно, од кои требало да настане мажот, а другите 7 на лево, од кои требало да настане жената. Потоа таа се оплодила и по 9 месеци самата ги довела во живот нејзините креации.

Сте заклале заедно бог

Со неговата личност

Јас ја оттргнав вашата тешка работа

Јас ја наметнав вашата мака на човекот.

Во глината, богот и човекот

Ќе бидат поврзани

Во единство ќе бидат донесени заедно

За да може до крајот на деновите

Телото и Душата

Кои во богот созреале –

Таа душа во крвно сродство да биде обврзана.

Првиот човек бил создаден во Едем – сумерски збор кој значи „рамен терен“. Во Епот за Гилгамеш, Едем било спомнувано како градината на боговите и се наоѓало некаде во Месопотамија, помеѓу реките Тигар и Еуфрат.

(3) Потеклото на човекот според античките текстови на Сумерите

Првенствено човечките суштества не биле способни да создаваат свое потомство, но подоцна биле модификувани со помошта на Енки и Нинки. На тој начин бил создаден Адапа – целосно функционално и независно човечко суштество кое ја одбило дарбата за бесмртност.

Ако ме прашувате мене, овие „богови“ наликуваат многу на вонземјани! Да, пак се загледав Stargate SG-1 и Ancient Aliens, се извинувам! 🙂

2 thoughts on “Потеклото на човекот според античките текстови на Сумерите

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s