Филм и ТВ

Топ 3 ТВ серии чија премиера беше во јануари, 2016 година

Серии, серии, серии... Толку многу серии, толку малку време за гледање.

Топ 3 ТВ серии чија премиера беше во јануари, 2016 година

Серии, серии, серии… Толку многу серии, толку малку време за гледање. Понекогаш си мислам дека дури и да го имав целото слободно време на светот, пак немаше да успеам да постигнам со сите серии кои сакам да ги гледам. Но, да ги тргнеме сега сите тие неостварени желби на страна и да се фокусираме на 3-те серии кои почнаа во јануари за кој дефинитивно мора да најдете време! Јас дури и се откажав од неколку постари, бидејќи едноставно се заљубив во овие…

1. The X-Files

This slideshow requires JavaScript.

Како голем фан на оваа приказна од 90-тите, мора да признаам дека веста за нејзиното обновување беше најдоброто нешто што сум го чула на ова поле во последниве неколку години. Дејството продолжува во нова насока, откривајќи ни уште поголеми теории на заговор и мистерии, како и сосема нов непријател – многу пострашен од сите оние кои ги видовме во текот на оригиналната приказна. Изгледа цело време сме гледале во погрешна насока.

2. Lucifer

This slideshow requires JavaScript.

Да, станува збор за вистинскиот Луцифер, ѓаволот од пеколот. Во оваа верзија, тој си заминал од пеколот и сега живее на Земјата како и останатите смртници. Тој има свој клуб, изгледа неверојатно добро и има исклучително секси акцент. Тоа што го издвојува од луѓето е фактот што сите лесно му ги доверуваат своите најдлабоки и забранети мисли, желби и посакувања. Но, постои жена која е имуна на овие моќи, детективка. Токму затоа и ќе почне да работи со полицијата, користејќи ги своите способности за нешто добро.

3. Legends of Tomorrow

This slideshow requires JavaScript.

Ако редовно ги следите The Flash и Arrow, тогаш главните ликови од оваа нова ТВ серија ќе ви бидат добро познати. Тие заедно ќе патуваат низ времето, обидувајќи се да го спречат најлошиот негативец на сите времиња пред да стане непобедлив и да ја освои целата планета. Се сеќавате на Рори (Артур Дарвил) од Doctor Who? Јас сè уште не можам да се изнасмеам што токму тој е господар на времето во оваа приказна. Иронично, нели?

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s